Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 83 | година XV | март-април, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 83март-април, 2012
Проза

Страшливецот и Ѕверот

(извадок од романот)


/4
стр. 1
Бариш Мустџаплолу

Никој не е потполно добар. Никој не е потполно лош.
    Ако завршувањето на една војна е херојски чин,
    тогаш започни со склучување примирје со себе.
    То-ен Курме, Предци – 97-ми запис

Вовед

Харкул нервозно викаше по своето семејство додека стоеја пред влезот на тунелот: „Покажете малку храброст! Нема да задоцнам на свадбата поради некоја идиотска гласина!“
     Стегајќи ја раката на нивното синче, жена му Алме го праша „Што ако е вистина?“
     Изразот на нејзиното лице покажуваше дека повеќе се плаши за детето отколку за себе. Увидувајќи го тоа, Харкул го стиши гласот. Нежно насмевнувајќи се, рече „Добро, ајде да го оставиме вујко да одлучи за тоа. Ако тој не сака да одиме низ тунелот, ќе го послушаме. Само што тогаш ќе мораме да одиме околу проклетава планина. На свадбата пред прославата да заврши – ако тоа може да се нарече стигнување на време!“
     Алме прифати некако неволно. Да се прашаше таа, воопшто и немаше да тргне на свадба. Помислата дека треба да помине една вечер со сите тие здодевни луѓе ја нервираше, а влегувањето во мрачниот тунел ќе биде досипување сол врз раната. Но, не сакаше да се кара со својот сакан сопруг. Младоженецот беше еден од најдобрите пријатели на Харкул. Мораше да покаже разбирање.
     Вујко Јаргол пристигна зазбивтан. Никој не знаеше колку години има, но беше сведок на созревањето на овие двајца млади луѓе. Некако посрамен, рече „Староста е мака, драги мои. Кога бев на ваши години, го качував ридов како коза. Сега не можам ни едно дете да престигнам.“ Додека зборуваше, пријателски му мигна на момченцето кое цврсто ја држеше мајка си за рака.
     „Не грижи се, вујко“, одговори Харкул. „И онака никаде не одиме. Како збунети крави, се обидуваме да решиме по кој пат да одиме. Алме настојува да не влеземе во тунелот. Вели дека е проколнат и дека Грисол испарил откако  влегол внатре… Зошто да задоцнам на свадбата само поради тоа што исчезнала селската будалетинка?!“
     „Не е само Грисол!“ се јави Алме, со црните очи што ѝ светкаа како жарчиња. „Вистина е дека Грисол беше луд, но исчезнаа и јагнињата на Хискот, а тие секако беа поумни од тебе. Кутрите животни исчезнале додека паселе пред тунелот. Што велиш на тоа?“
     Харкул слегна со рамениците и храбро изјави: „Лудак и неколку овци. И толку. Можеби има шакали во тунелот, или волци. Дури и на оваа возраст, вујко со леснотија може да убие дузина од нив. Не разбирам зошто се плашиш кога сум јас покрај тебе!“
     Вујко Јаргол се накашла за да






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+