Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 83 | година XV | март-април, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 83март-април, 2012
Проза

Под притисок

Од збирката раскази „Под притисок“, Блесок, 2012


/3
стр. 1
Фарук Шехиќ

1.
    Нè доведоа на линијата. Кал и магла има насекаде. Едвај го гледам човекот пред мене. Речиси еден со друг се држиме за ремените, да не се загубиме. Поминуваме меѓу запалени куќи. Колоната се влече покрај разнишаните плотови. Калта се лепи за чизмите и се развлекува како тесто. Најубави се оние линии на кои првпат доаѓаш. Сè е ново, необично и заебано до коска. Особено кога линијата ја преземаш ноќе, а утредента, штом се раздени, сфаќаш дека се наоѓаш на врвот од шајката. Јагленосани греди паѓаат од покривите и чрчорат во калта. Тераме по огромната падина. Тревата е лигава од маглата. А некој падне, ја сопира колоната и задолжително пцуе по претседателот и државата. Кога само ќе помислам дека оваа ноќ ќе спиеме на ледина, ме заболуваат хемороидите. Водичот од воената полиција нè изведува на врвот од ридот. Емир и јас го преземаме плиткиот ров во кој, извалкани од кал, се наоѓаат: јоги душек, јорган и чифт догорчиња испушени до крај и нервозно забиени в земја.
    – Еј, момци, фрка ли е? – допира глас од нашата десна страна.
    – Ој ваму па ќе ти кажам – одговара Емир лежејќи на јогито.
    Ни приоѓа силуетата од зад грб.
    Скокнува во ровот.
    – Јас сум од третиот баталјон – ни кажува додека се ракуваме.
    – Имате цигари?
    Ја отворам табакерата полна Галес[1].
    – Нема да нè видат дур пушиме? – прашува Емир.
    – Ма нема. Далеку се одовде, а и маглата е густа.

    И Емир и јас, како по команда, палиме цигари.
    – Туку, ај ти кажи ми, каква е ситуацијата овде?
    – Заебано ли е?
    – Денеска го ораа брдово со гранати. На еден борец од втората чета, гелер му го откина образот. На Метла, а тоа ти е рид дупло поголем од овој нашиов, имаат два зиса[2]. Нè гледаат ко у филџан – полека раскажува третобаталјонецот.
    – Значи, кој ќе преживее, ќе јаде со златна лајца – дофрла Емир.
    – Не е ни толку лошо ко што изгледа – го теши третобаталјонецот – од нешто секако ќе се умре.
    Стравот се вовлекува во мене како влага. Утре ни следува бесплатно бричење.

* * *

    Линијата на животот ти се прекинува на две места. Ќе бидеш ранет двапати, од тоа еднаш тешко, ми кажува Циганката. Џевада фрла грав, гледа во зрна, заклучува: те очекува пат во странство и добар глас од далеку.
    Ја направив хиерархијата на нештата:    
    1. војна
    2. алкохол
    3. поезија
    4. љубов
    5. пак војна
    Најомилен рефрен: Ој кревету, чудна справо, те поздравувам здраво! здраво!
    Најглуп цитат: Војната му е драга на оној кој не ја

_____________________________________

1. Марка колумбиски цигари, год. на производство 1974.
2. Ридски топ со калибар од 76 мм.


Ова е извадок од:
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+