Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 83 | година XV | март-април, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 83март-април, 2012
Есеи

(Американската) ‘Жена–Другиот’

Поглед во машкиот расказен свет на Натаниел Хоторн


/4
стр. 1
Јелена Никодиноска

Овој есеј ќе се обиде да го дефинира, онолку колку што дозволува моето досегашно образование, статусот на жената во општеството, и нејзината внатрешна перцепција како „Другиот“ во општеството каде што мажите доминираат. Мојата намера е да се фокусирам на анализата на изолираниот американски расказен космос од 19-от век доминиран од мажот, потпирајќи се на Одбрани раскази (1946) од Натаниел Хоторн – два расказа особено, „Ќерката на Рапачини“ (1844) и „Бемка“ (1843) затоа што сочинуваат расказен свет во кој начинот на размислување на жената е целосно оформен од егоцентричниот маж кој се само-остварува. На тој начин, мојата дводелна анализа има за цел на читателот да му претстави една перспектива врз жената во американското општество и концептот „Жената како Другиот“ и, повикувајќи се на овие поими, да го дешифрира односот маж-жена во машкиот наративен космос на Хоторн.

1. Историја на американската жена во 19-от век, и нејзините (доделени) вредности


    „Другиот“ во еден расказ не подразбира само неприпадност кон „физички ист“, бидејќи не се однесува само на раса или род, но го надминува материјализмот и продира во психологијата и себе-спознанието меѓу „Другите“. Меѓутоа, улогата на „Другиот“ се изменила/се менува, бидејќи зависи, во секое време, од избраната гледна точка: имено, може да претставува една индивидуа која во очите на општеството е различна, или една засебна заедница набљудувана како таква од маргинализирана гледна точка. Оттука, денес, нашето (повторно) разгледување на терминот „Другиот“ не може да зависи само од односот мнозинство–малцинство, или обратно, бидејќи треба да бараме начини кои би ни помогнале да го дефинираме во рамките на една историска, социо-економска и/или културна реалност.
    Најпрво, преку фокусот врз Американското општество од 19-от век, оваа анализа има цел да согледа како Америка се трансформирала политички, економски и во своите општествени уредувања; поконкретно, начинот на кој овие фактори влијаеле врз, и ја оформиле позицијата на жената во општеството.
    Првата точка што треба да се наспомене е дека независноста на Америка го означила започнувањето на нов вид на зависност, бидејќи во „Сите луѓе (читај мажи) се создадени еднакви“ на новата независна Америка, нема место за жените. Заедно со тоа, почетокот на 19-от век го поставува „Култот на вистинската жена“[1], кој ги претставува вредностите на побожност, чесност, покорност и семеен живот, и го потхранува новиот идеал на домашен ангел наспроти независниот маж. Домот им бил доделен на жените како морално подобар свет, каде што тие требале „да работат“ за подобри модели на брак, фамилија и, со тоа, општество.
    Потоа, индустриската револуција донела нови вредности на

_____________________________________

1. Welter, Barbara, “The Cult of True Womanhood: 1820-1860” (1966) http://www.pinzler.com/ushistory/cultwo.html






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+