Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 83 | година XV | март-април, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 83март-април, 2012
Есеи

Телото и институциите

(за Пиреј, Небеска Тимјановна и Тунел од Петре М. Андревски)


/12
стр. 1
Магдалена Димчевска

За просторот


    Во наратологијата проучувачите сметаат дека просторот (setting), локација или амбиент, е резервен, скриен или независен лик. Просторот ги одредува човечките односи, а во литературата тој го квалификува ликот, oдносно: „Просторот (space) е место или места каде што се претставени ситуациите и настаните (околина, приказна, место) и дејствувањето на наративната инстанца(и)“.[1]
    Гастон Башлар во Поетика на просторот[2] разграничува два типа простори, простори кои се сакаат и простори на насилство, омраза и борба. Слично пишува и Елизабет Грос во Недофатни тела[3], додавајќи дека насилството се покажува во општествените институции за превоспитување и за обука, во затворите, во домовите за малолетни деликвенти, во болниците и психијатриските институции.
    Во романите на Петре М. Андреевски, кои се предмет на мој интерес (Пиреј, Небеска Тимјановна и Тунел) застапени се слики на среќниот простор – семејните куќи. Од друга страна, пак, застапени се и просторите на насилство, на омраза и борба. Тоа се сликите кога телата се наоѓаат во војна, на бојно поле, на фронт, во затвори, во логори, во болници и институции за лечење зависности.

Телото во затвор


    Според францускиот филозоф Мишел Фуко, затворот како дисциплински апарат дејствува врз телото кое е заробено во систем на принуда и лишување, на обврски и забрани. Тој го разгледува казнено-поправниот систем, почнувајќи од укинувањето на смртната казна и јавното мачење и објаснува дека смртта треба да трае само еден миг и никакво мачење не смее да претходи или да следи врз трупот бидејќи „…извршувањето на казната се однесува на животот, а не на телото“.[4]
    Во романите на Андреевски нема конкретни примери за смртна казна, односно во романот Небеска Тимјановна, Небеска и нејзините другари се осудени на смрт, но сепак своите казни ги издржуваат во повеќе логори во СССР. Исто така, смртната казна на Мирче од Пиреј и неговите другари, подоцна е заменета со казна на прва борбена линија.
    Фуко укинувањето на смртната казна го смета за хуман чин во историјата на кривичното право бидејќи „се ослободува владеењето со телото“.[5] Подоцна џелатот, кој е непосреден познавач на телото при страдањето е заменет од цела армија технички лица: надзорници, лекари, свештеници, психијатри, психолози или воспитувачи. Тоа се случува бидејќи: „Физичкото страдање и болката на телото не се веќе составни елементи на казната. Казнувањето преминува од вештина на неподнослива сетилност до устројување на укинатите права“.[6]
    Оваа анализа на Фуко посочува дека телото и болката не се крајна цел на казненото дејствување. Според него, затворот како систем е создаден да овозможи превоспитување на единката од сите можни аспекти. Тоа

_____________________________________

1. Џералд Принс. Речник на наратологија (Скопје: Сигмапрес, 2001),104.
2. Гастон Башлар. Поетика на просторот (Скопје: Табернакул, 2002).
3. Елизабет Грос. Недофатни тела: за телесниот феминизам (Скопјe: Македонска книга 2002, 2003).
4. Мишел Фуко. Надзор и казна: раѓањето на затворот (Скопје: Слово, 2004), 15.
5. Исто, 14.
6. Исто, 15.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+