Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 83 | година XV | март-април, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 83март-април, 2012
Критика

Игра отаде видливото

кон збирката раскази Единствен матичен број од Ацо Гогов (Антолог, Скопје, 2012)


/2
стр. 1
Славица Гаџова

Ацо Гогов, познат на македонската читателска јавност со збирката кратки раскази Географија на маленкоста (Антолог, 2010), донесува нова свежина и со новиот прозен ракопис Единствен матичен број. Расказите во оваа збирка се групирани во четири циклуси, насловени како Записи од детската соба, Единствен матичен број, Брачен пар и Наоѓање камила. Расказите во првиот и вториот циклус, спаѓаат во жанрот кус-кус расказ, додека расказите од третиот и четвртиот циклус, исто така куси раскази, се одликуваат со поразвиена нарација и приказна, за разлика од расказите во првиот и вториот циклус, кои се елиптични и со инзвонредна семантичка густина. Без оглед на разликите во должината, расказите на Гогов, градат своевидна оригинална поетика, која може да се смета како надградување на поетиката на Географија на маленкоста. Една од најзабележителните и семантички најпродуктивни естетички стратеги во кратките раскази на Ацо Гогов е метафоричноста и метафоризирањето на наративните секвенци, постапка која често го претвора времето на приказната во синхроно време или време што не ја признава сопствената делба и дистрибуција во единици. Раскажувачкиот субјект во кратките раскази на Гогов, раскажувајќи ја приказната за малите нешта, приказната за маленкоста, преку поетските слики и метафори, ги допира вечните актуелности и архетипското. Ако ги позајмиме термините од индиската филозофија, слободно може да се рече дека расказите на Гогов се метафори за огледувањето на брахман во секој атман, односно, за огледувањето на најголемото и сеопфатното во навидум ситното, маленкото и беззначајното. На тој начин, водата во чашата покрај болничкиот кревет се гледа и се фокализира како море во Бел пејсаж, очите и виделото (минливоста) сликовно се изедначуваат со молив и пишување (траење) во Игра. Во наративните стратеги на Гогов може да се согледаат и алегоричното (Глава), бизарното и гротескното (Некролог), фантастичното (Кој си?) и ироничното (Единствен матичен број). Семантички и естетски продуктивна е и митско-поетската временска цикличност, односно поништувањето на бариерите на линеарно сфатеното време, како што е во извонредниот расказ Пци, каде што пците ги пробиваат границите, и од времето на пророците доаѓаат во современоста со молчалив поглед како бескраен бакнеж, како нафора. Во Пци се актуелизира бесконечноста, вечното враќање и бесмртноста, но смртта, во расказите на Ацо Гогов е нешто што е многу почесто тематизирано и актуелизирано: Некролог, Брат, Совет, Љубовничка, Заборавив да му кажам. На различен начин и во различни приказни, смртта во овие раскази не е апсолутен крај, туку исчезнување кое подоцна се претвора во густа семантика на отсуството, празнина полна со знаци и значења,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+