Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 83 | година XV | март-април, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 83март-април, 2012
Звук Осврти

The Black Keys – El Camino

/1
стр. 1
Никита Рамкисун

Чудно е да се пишува за албум по неколку месеци од објавувањето но, од друга страна, да не се обележи албум на The Black Keys би било грев.
    

El Camino не разочара, и дефинитивно вреди за него да се пишува и подоцна. Ако не за друго, тогаш барем од уживање.
    Седум албуми после The Big Come Up (2002), на дуото од Охајо сè уште добро му оди со крцкавиот оргазмичен рок онаков каков што треба да биде. Нивниот гитарски и гаражен, речиси затворски блуз е сè уште забавен и потентен, во сета величина на шпагети-вестерните.
    Здружени со продуцентот Danger Mouse, The Black Keys направиле албум кој лесно се вовлекува под кожа. Мек е и поотворен од претходните, но сè уште ве тера да го осетите она старомодното – како што и би требало во едно старо El Camino, патувајќи низ огромните пространства на јужните американски држави, со крцкава трака снимена на осум канали; како на пример, Gold on the Ceiling.
    По атмосферата, албумот е сличен на филмот Fear and Loathing: сиромаштија, стара смрдлива кола, згодна блондинка облечена само во шорцеви од џинс и бикини – која се наведнува врз џубоксот на бензинската пумпа која е последна шанса за гориво + вечера.
    El Camino
прави да бидам личноста која ја вози таа стара кола.
    Самата музика е нова, повеќе полирана во споредба со вообичаениот стил на The Black Keys. Неколку од песните звучат почисто и потечно – како некој всушност да се потрудил да ги среди – но повеќето сè уште се состојат од остри мелодии, интензивна блуз гитара со привлечни но суптилни рифови и груби вокали кои пеат смешни стихови: Well she's a special thing/ She doesn't read too much, oh/ But there's no doubt/ She's written about. (Таа е посебна / Не чита многу, о / Но сигурно е / Дека за неа се пишувало.)
    Иако, ме растажува што на албумот отсуствуваат отсуствуваат нивните епски бавни траки. Иако е малку поактивен, што се гледа во Dead and Gone и Money Maker, сепак албумот се занимава со старите теми за жени, тежок живот и сиот тој блуз. El Camino е позаразен, потрендовски и помалку крцкав од Brothers. Во суштина, ова се модификувани The Black Keys, сè уште мрсни но со малку буги.
    Мојот фаворит е Little Black Submarines, која влече на Led Zeppelin; тапанарот Патрик Карни удира како гаражна верзија на Џон Бонам. Акустичното и вокално отворање замајува, пред песната да експлодира во врескаво електрично разурнување.
    El Camino
е чиста енергија. Сирова. Многу сирова. А толку мазна.

Објавено во: http://www.timeslive.co.za/entertainment/music/2012/05/09/album-review-the-black-keys–-el-camino

Превод: И.И.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+