Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 84 | година XV | мај-јуни, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 84мај-јуни, 2012
Поезија

Овде неделата се губи

Од англиските преводи на Омид Гареман и Рошанак Бигона, превела Бела Глигорова


/4
стр. 1
Азита Гареман

Немав дом
Бродот што ме донесе
Овде неделата се губи
Четвртата

_______________________________________________________________________

Немав дом

Светот се престори во шаховска табла
Со крстопати небаре линии
Триаголник чии наведнати страни ќе се повијат
Врз овој мртов коњ
Кој и пат да го избереше, јас бев загубена
Немав дом
Куфер со високи стреи
Четири фустани и едно дрво
Корен да ме крепи во студените денови
Небо од затегнати патенти

Градови со преслап
Затскриен шарм
Сеќавање на моминската црна веѓа
Натопена од дожд

И тогаш, клекна за да ја видиш
Месечината, дупка небесна
И секаде каде што е можно да се загубиме
Таа ќе ги пренасочи песните
И ќе го испреврти сонот, одзади нанапред

Тоа беше само твоето око
Кое ја испишуваше смртта која се нишка
Или ѕверката што ќе ми ја проголташе раката
А априлските кртови
Не ќе ја сфатеа раната сериозно
Осум години
Се истанчија
Како сливови прачки
А самотијата има мал клун

Од каде и да пристигна
Јас се вратив
Понекогаш љубовта ме носеше наваму
Понекогаш јас ја носев љубовта во своите канџи

И оваа соба се збогува
Со лудак зад прозорските стакла
За да бликне смеата

Лето со скапана бела покривка
Го продадов Ниче
Старинското чиниче за каша и садот за шеќер
А виолетовиот фустан од гардеробата
Е веќе износен

Немав дом
А низ шевот на ова бегање
Потскокнуваше иглата

Ти не беше опашот на облакот
И ветерот не ќе ги следи ромбовите
Ќе ме нема подолу од божјата дупка
Поблескава од гулабицата
Која е моја рожба
И која одлета далеку од мене
Црни зборови се откраднуваат
Од дивите усни на жената

Планина од освоени граници
Бел песјак во гласот на тревата
Дали ветерната патека
Дојде до твојот дом
Низ овие стихови?






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+