Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 09 | година II | јуни-јули, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 09јуни-јули, 1999
Галерија Осврти

Tango Querido, Tango Argentino

/2
стр. 1
Илинденка Петрушева

    Постојат најмалку три причини што му обезбедуваат на филмот ,,Танго“ на Карлос Саура атрибут на културен настан кај нас. Сигурно дека кината нема да инкасираат многу пари од овој филм, но сигурно е и тоа дека нашиов повеќегодишен турбо-дух можеби ќе подзастане за миг да ги слушне страсните звуци на бандолеонот… Но да се вратам на почетокот на текстот. Мислам, на оние (најмалку) три причини. Карлос Саура, аргентински филм, Виторио Стораро!
    Карлос Саура е еден од култните шпански режисери, роден во Хуеска, во предвечерието на Граѓанската војна. Својот слободарски дух ќе го оформи во речиси илегалните шпански киноклубови во педесеттите години. Верен на шпанската традиција, потпирајќи се на своите ѕвезди-водилки (Де Кеведо, Гоја и Буњуел), Саура во седумдесеттите години, наспроти строгата цензура, ќе ги создаде исклучителните филмови „Градина на уживањето“ (1970), „Ана меѓу волците“ (1973), „Роднината Анхелика“ (1974) и „Змија во пазуви“ (1976). Во нив, со невидена жестокост, ќе ја открие кризата на граѓанското општество, кое е распнато меѓу сеќавањата за Граѓанската војна и тогаш актуелната диктатура на Франко.
    Втората причина е дистрибутерска и продуцентска. Дистрибутерска – во поплавата на американски филмови речиси е фантастично да се појави на репертоарот аргентиски филм, и тоа во аргентинско-шпанска продукција. И токму таа продукција е интересна. Имено, последниве десетина години, поголемите латиноамерикански кинематографии (Мексико, Куба, Аргентина, Венецуела) ги произведуваат своите најзначајни филмови во копродукција со Шпанија (ах, тој стар конквистадор!). Војните на Симон Боливар и Хозе Марти остануваат во историјата, а сегашноста налага приближување со Шпанија (таа е сепак во Европа, а на американските Латини очигледно им е доста од северниот голем вујко). Впрочем, сите филмски дисиденти од латиноамериканските диктатури своите кариери ги продолжуваа во Европа.
    И третата причина (но, не и последна) е големиот Виторио Стораро. Омилениот снимател на Бертолучи („Стратегија на пајакот“, „Конформист“, „Последното танго во Париз“, „Дваесетти век“, „Последниот кинески цар“), но и на Американецот Копола („Апокалипса денес“), во филмот на Саура „Танго“ создава невидена гама на задушен колорит, та не знаеш дали е тоа колор или црно-бел филм. Душата на човекот излеана во играта на сенките, во играта меѓу светлината и темнината. Крајно едноставно! И бескрајно убаво!
    Карлос Саура и во филмот „Танго“ ја следи својата дамнешна авторска определба на самостоен сценарист. Земајќи го само како почетен импулс дамнешниот аргентински филм „Танго“ на Луис Молио Барт (1933 година), чии кратки секвенци ги гледаме инкорпорирани во филмот на Саура (можеби како омаж на големите ѕвезди Карлос Гардел и Империо Аргентина), Карлос Саура гради една






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+