Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 84 | година XV | мај-јуни, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 84мај-јуни, 2012
Проза

Бернис ја крати косата

/20
стр. 1
Ф. Скот Фицџералд

Во сабота навечер, штом паднеше мрак, од првото поле на теренот за голф можеше да се види жолтилото од прозорците на кантри-клубот врз мошне црн и брановит океан. Брановиве од океанов, ако може така да се каже, беа главите на многубројните љубопитни носачи, неколкумина од досетливите шофери, глувата сестра на професионалниот голфер – а како по обичај имаше и неколку залутани, срамежливи бранчиња кои што да сакаа ќе се извалаа внатре. Тоа беше галеријата.
    Балконот беше во внатрешниот дел. Се состоеше од плетени столчиња во круг, кои ја обрабуваа просторијата за состаноци и танцување. Саботниве игранки беа главно женски; силен џагор од средовечни дами со проникливи очи и ледени срца зад биноклите и бујните гради. Главната функција на балконот беше пресудна. Одвреме-навреме нерадо ќе покажеше почит, но не и одобрување, зашто дамите над триесет и петтата добро знаат дека кога младиот свет танцува на лето, тоа го чини со најлоши можни намери, и ако не се бомбардирани од строги погледи, занесените двојки варварски би заиграле по ќошињата, а попопуларните, поочиклените девојки понекогаш би добивале бакнежливо паркираните лимузини на наивните госпоѓи.
    Но, и покрај сè, пресудниов круг не е доволно близу до сцената за да ги види лицата на актерите и да ја долови заткулисната игра. Единствено може да се намурти или поднаведне, да постави по некое прашање и да извади задоволителни заклучоци од збирот постулати, како што е оној кој вели дека секој добро ситуиран млад маж води живот на гонет дивеч. Нема разбирање за драматичноста на променливиот, полусуров свет на адолесценцијата. Не; ложата, оркестарот, солистите и хорот го претставуваат мешавина од лица и гласови кои се нишаат на таговниот африкански ритам од танцовиот оркестар на Даер.
    Од шеснаесетгодишниот Отис Ормонд, кој има уште две години на училиштето Хил, до Џ. Рис Стодард, над чие биро дома виси диплома по право од Харвард; од малечката Медлин Хог, чија косичка сè уште изгледа чудно и неугодно на главчето, до Беси Мекри, која веќе предолго е во центарот на вниманието на забавите – повеќе од десет години – мешавината не е само центарот на сцената, туку ги содржи и единствените луѓе кои имаат непречен поглед кон неа.
    Музиката запира со фанфари и тропот. Двојките разменуваат вештачки, неизнасилени насмевки, шеретски потпевнуваат „ла-ди-да-да дум-дум“, а потоа баботењето на младите женски гласови го надвишува напливот на аплаузот.
    Неколкумина разочарани самци кои се најдоа насред подиумот орни да заиграат, се повлекоа кроце до ѕидот, затоа што ова не беа оние бурни






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+