Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 84 | година XV | мај-јуни, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 84мај-јуни, 2012
Есеи

„Дивите детективи“

Сатурирачки роман и роман на артикулиран простор


/12
стр. 1
Николина Стојанова

Вовед

Дејството на овој грандиозен роман е сместено во Мексико Сити, но и низ целото Мексико, како и на различни места во Латинска Америка. Тоа, исто така, се протега и во некои Европски градови, како што е Барселона, и на Медитеранскиот брег. Географското протегање и мултипликацијата на местата и епизодите води кон создавањето на едно монументално, тотализирачко дело. Споменатите места се подведуваат на игра на декомпозиција која функционира истовремено на локално и глобално ниво. Експанзивниот систем се состои од евоцирање на животот и делото на група млади поети, а особено околу Артуро Белано или Улисес Лима (двата главни карактери), и околу нивните пријатели Гарси Мадеро и младата Лупе. Темата на романот е исчезнувањето на поетесата Цезареа Тинахеро, и барањето на нејзините траги. Првите три карактери припаѓаат на групата млади поети („вице-реалисти“) кои ги вложуваат сите свои напори во издавањето на литературно списание. Станува збор за универзитетски студенти, кои, за да можат да ги продолжат студиите, повремено продаваат марихуана под изговор дека веруваат во она што го прават бидејќи се сметаат за единствената и вистинска надеж за мексиканската поезија. Како што напредуваме во читањето, ликот на исчезнатата поетеса станува сè помистичен, имајќи ги на ум малкуте траги кои ги оставила зад себе. На прв поглед, романот може да ни се чини хаотичен, но неговите тотализирачки принципи ја потврдуваат неговата детална структура. Делото е поделено на три дела: „Мексиканци изгубени во Мексико“; „Дивите детективи“ и „Пустината Сонора“. Во овие три дела текот на дејството е предаден преку интимните признанија од нивните лични дневници, или преку дневниците на нивните родители и поблиската фамилија, нивните познаници, уредувачи и издавачи и на сите други кои во некој момент од нивните животи биле во некаков контакт со Цезареа. Признанијата не се подредени во линеарно време, туку гласовите на дузини ликови меѓусебно се пресекуваат и преклопуваат. Тотализирачката експлицитно структурирана игра ни кажува дека постои посебна и директна врска помеѓу потрагата по исчезната поетеса и потенцирањето на места и епизоди, а особено кога структурата на романот ги нагласува параграфите каде минатото се сретнува со настани од иднината кои следат неколку години по завршувањето на фамозната потрага. Преку проширувањето на нивната потрага, сè повеќе места и епизоди влегуваат во читателскиот ум: разновидни сцени од секојдневниот живот, нечии интимни мисли, нечии стравови и фрустрации… Изгубената и заборавена поетеса истовремено е слика на агрегација и дегрегација, таа е целта на потрагата но и мотивот за нивното постојано патување и преместување од место






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+