Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 84 | година XV | мај-јуни, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 84мај-јуни, 2012
Критика

Антологијата како варијанта на интерлитерарна рецепција

(Ольга Панькина. Рассказы македонских писателей. Москва : Окоём, 2009)


/6
стр. 1
Марија Ѓорѓиева Димова

    „Што сакам да кажам кога го употребувам изразот ‛книжевноста/книжевностите’? Сакам експлицитно и јасно да истакнам дека ‛литературата’ има конзистентност на една слика која би требало да одговара на идеалното присуство на едно наследство, заедничко за различни цивилизации. Еден вид бескрајна и прогресивна библиотека… Едновремено – косата црта поставена меѓу книжевноста (и) книжевностите јасно зборува за тоа – книжевноста постои само во конкретните книжевности создадени на различни јазици; нивното вавилонско различје води кон едно флуентно соединување преку преводот; од своја страна, преводот е заедничко наследство на човештвото создадено од безбројни преводи кои отсекогаш ги пронижуваат сите јазици и од незадржливата моќ и понатаму да ги пренесува текстовите и пораките меѓу одделните светови … Книжевност/книжевности: косата црта (која служи како преграда и како спојка) се нарекува ‛превод’: тој го активира виртуозниот круг на светскиот дијалог којшто се одвива преку литературите и нивните дискурси…“
    Компаративната книжевност се предлага како учење и дискурс што се труди да соодветствува на оваа моќ на книжевноста/книжевностите, како нивна придружничка, а исто така и како знаење кое ги преведува книжевните вредности во дискурс отворен кон плуралноста, дискурс којшто можеме да го реализираме сите заедно и подеднакво во светот, преведувајќи ги едните кај другите, и едни покрај други, односно благодарение на бескрајната мрежа на реципроцитети и разлики (Њиши 2006, 9–11). Ова пледоаје на преводот и на компаративната книжевност е во функција на посочување на нивната заедничка дијалошко-спознајна и интегрирачка моќ, којашто резултира со обезбедување на комплексно присуство на светот/книжевноста и со можноста за симултано постоење на различни светови/книжевности.
     Во сферата на практиката, дијалошкиот трансфер на текстовите и на пораките меѓу одделните светови/книжевности, вообичаено, го следи векторот на преведувачко приопштување на (белетристички, особено, бестселерски и научни) изданија од, условно кажано, „големите“ книжевни, јазични и културни средини во, условно кажано, „малите“.[1] Поретко, но сепак, евидентно, е и движењето кое се одвива во обратна насока, процес којшто добива уште една потврда во антологијата на македонскиот расказ, објавена на руски јазик, насловена како Раскази на македонски писатели (2009). Изборот и преводот се направени од страна на познатиот македонист Олга Пањкина, која го објавува ова издание како прво во проектот именуван Библиотека на литературата на Македонија, со најава и на следните изданија од областа на драматургијата, на поезијата, на литературата за деца, на критиката и на есеистиката.
    Станува збор за импозантен зборник од 553 страници во којшто се поместени седумдесет раскази од педесет македонски писатели. Изданието вклучува и неколку интересни паратекстови: воведна реч на составувачот/преведувачот, предговор

_____________________________________

1. Една од бројните илустрации на овој процес претставува и антологијата на светскиот расказ, насловена како Свет во мало, прир. К. Ќулавкова, Скопје: ПроЛитера, 2008.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+