Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 84 | година XV | мај-јуни, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 84мај-јуни, 2012
Галерија Осврти

Вредности концентрирани во ликовите

/2
стр. 1
Илија Кочовски

    Астралната светлина во сликите на Касиопеја е окосница во делото: таа се еманира од целата површина на платното, дифузира без видлив извор – најчесто меко, сомотски, без ригидни валерски контрасти, ги детерминира и обединува (или ги нагласува) другите чинители во непредвидливата конструкцијата на сликата.
    Светлината како ѕвездена прашина која истекува и се прелева низ просторот во некои слики е силна и блескава, но не пренагласена со својата последица; сенката, во некои, е тивка и прикриена до сфумато, назначена само преку дискретни и суптилни разлики меѓу формите. Нејзиниот колористички аспект се движи од монохромни гами во најтесна колористичка скала до степен на исцрпеност, преку контрастни и комплементарни шеми до симболично интимистички хармонии, звучно обоени. Општо гледано, колористички ретко поларизира – почесто изедначува и хармонизира.
    

    Имагинарната експресивна идеја елиминирана од визуелна атракција лесно и брзо ја конструира во сигурна ликовна експресија каде ја објаснува со линија, боја и читлив препознатлив облик. Имено, Наумоска во животот и творештвото со иста леснотија го препознава и наоѓа спојот што ги поврзува и објаснува едното со другото, нивниот заеднички континуитет на взаемност, движејќи се во креативниот свет и исполнувајќи ја љубопитната имагинација со вечните тајни на љубовта, разделбата, средбата…
     Нејзината ликовна естетика всушност е ликовна постапност на линии, форми, бои и тонови кои меѓусебно клокотат, превираат и ферментираат, создаваат целовитост во свилести колоритни созвучја или со силни колористични спротивности, со испреплетени треперливи линии кои делумно се судруваат, се оддалечуваат како делта на голема река, порабувајќи ги формите на фигури, силуети, метафизички простори или интимистички амбиенти. Линијата е со внатрешен драматичен немир и со длабински треперења водена од желбата за децидност во потрагата на точниот облик; таа се манифестира како главен естетски израз со своја автономност и интегритет и како дефиниција на просторот, истовремено дефинирајќи ја формата, а понекогаш завлегува во него крстосувајќи го со линии, делкајќи низ него речиси до уништување, барајќи ја структурата и јадрото. Со ваков статус на линијата, Наумоска го наметнува заклучокот: тој што ја владее линијата – ја владее ликовната естетика.
    

    Забележливо е дека линијата е елементот кој ја нагласува нејзината индивидуалност и автентична созреаност.
     Формата ја пласти, ја надградува во слоеви, почесто парцијално или лазурно ја лавира, претставувајќи ја деликатно; некогаш одзема, гребе, ги одвојува пластовите од целината како деновите од изминатото време, барајќи ја суштината на вистинската ликовна естетика. Низ процесот користи различни постапки, моделација, модулација, случајни преливања, драска, гребе и патинира, создавајќи богата ликовна текстура, создавајќи форма без ликовни стереотипи. Не инсистира






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+