Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 09 | година II | јуни-јули, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 09јуни-јули, 1999
Галерија Осврти

Геопоетиката како провокација за ликовен запис

/5
стр. 1
Елизабета Шелева

Предраг Урошевиќ: Геопоетика - вода

    Навистина е тешко, со оглед на нејзината начелна несводливост, односно неподложност на сувопарните теориски формулации, да се претстави геопоетиката со неколку збора. За оваа прилика, сепак, некои од нејзините иницијални определби, ќе бидат доволни; за да можеме „упатено“ да се нурнеме во освежувачката духовна перспектива, што, токму во овие тешки и неизвесни времиња, се отвора пред нас …

    1. Геопоетиката е „движење, кое се однесува на самиот начин на човековото постоење во светот“– се вели во инспиративно насловеното, програмско дело на Кенет Вајт: „Висорамнина на албатросите – вовед во геопоетиката“ (1997:17).
    Геопоетиката го обновува античкото значење и зрачење на поимот „поетика“; во неа согледувајќи фундаментална дисциплина, трансжанровски поим, или, поточно, создавање на светот и (било кое) создавање на умот. Геопоетиката, како термин постои од 1978 за десетина години подоцна, да се етаблира во Франција, како Меѓународен геопоетички институт; заедно со списанието Cahiers
    de Geopoetique
. Денес,

Предраг Урошевиќ: Геопоетика - вода

таа е движење на сродници од сите континенти; меѓу кои, спаѓаат и претставниците од македонскиот културен простор, во прв ред писателот, есеист, мултимедијален автор Александар Прокопиев, којшто, беше еден од иницијаторите, во Скопје, во рамките на приватната издавачка куќа, да биде покрената и оформена едицијата „Геопоетика“. Потврда за неговата духовна и книжевно-уметничка сродност со геопоетиката, помеѓу другото, е објавувањето на последната книга новели „Арс Аматориа,“ во угледната едиција на белградскиот „Центар за геопоетика“, во 1998 г..
    Генералната определба на геопоетиката е – содржана во пледоајето за интелектуалниот номадизам, и духовното искуство на номадството, воопшто:
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+