Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 84 | година XV | мај-јуни, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 84мај-јуни, 2012
Звук Осврти

„Заклучен“ на Dr. John

/2
стр. 1
Рандал Робертс

    Можеби ќе биде изненадување податокот дека Dr. John, чиј албум „Заклучен“ (Locked Down) излезе неодамна, е роден во Лос Ангелес. Мистичниот вуду пијанист-волшебник е толку испреплетен со приказни, тајни и ритуали на Њу Орлеанс што сугерира дека е сè освен олицетворение на мочурливите рабови на ереста.
    Но, Dr. John е токму тоа, личност создадена од пејачот, текстописец и пијанист Malcolm John Michael Creaux "Mac" Rebennack – замислена и остварена во светскиот главен град на забавата, откако младиот пијанист во 1965 година се преселил на запад во потрага по работа како сезонски свирач. Тука, по здружувањето со група колеги, музички доселеници во Њу Орлеанс и изведувањето на некои големи L. A. хитови на епохата, Rebennack започна осмислување на соло кариера, при што му светна идеја за персона.
    Ликот до кој дојде доживеа 45 години и стана архетип на Њу Орлеанс, толку многу што неговата помалку инспирирана повеќедецениска дејност се граничи со пародија на самиот себе. Најлошите рефлекси на неговите продуценти беа да се потенцира неговиот њуорлеански развлечен говор, да се создаде фанки ритам, да се истакне привлечната пијано мелодија, да се замешаат некои гамбо стихови со второ-линиски дувачки бендови и потоа да се пунктира со труби.
    Но тогаш, како изникнат од воздух, доаѓа неговиот нов албум „Заклучен“ – е еден од најдобрите во неговата кариера. Како што направија Bob Dylan со Time Out of Mind и Tom Waits со Bad as Me, така постапи и Dr. John: излегување од период на релативна стагнација во креативноста со создавање на нешто магично, отелотворување на сè што создал, но истуркано во сосема нов правец.
    Продуциран во Нешвил од Dan Auerbach, пејач и гитарист на "Black Keys", „Заклучен“ го обединува човекот (Rebennack сега има 71 година) кој бил инспириран од James Booker, Professor Longhair и Fats Dominо со апстрактниот мистик Dr. John.
    Во неговата автобиографија од 1994 година, „Под маѓепсаната месечина“ (Under a Hoodoo Moon), Rebennac го опишува мистикот како „бајач кој тврдел дека е принц на Сенегал пред да биде киднапиран и одведен на Куба“.
    На оваа идеја дошол додека живеел со привремени работници во зграда на Мелроуз Авенија, погрешно нарекувана Hollywood Executive Hotel, и го снима деби албумот на Dr. John "Gris-Gris", силен рок класик, во Gold Star Studios, во часови вон работното време на студиото на Sonny и Cher. Оваа креација преживеа преку рок бисерите како што се „На вистинско место“ (In the Right Place) и „Гумбо на Dr. John“ (Dr. John’s Gumbo) продуцирани од неговиот њуорлеански компањон






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+