Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 85 | година XV | јули-август, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 85јули-август, 2012
Проза

Стариот што барал зефирна душа и што можеби ќе ја најде

Според A Clean Well-Lighted Place на Хемингвеј


/6
стр. 1
Драги Михајловски

„Знаеш ли – преку цело време оваа мисла не ми излегува од глава и многу ми беше мачно, ако тие ја изгребале твојата зефирна душа.“ Вапцаров

Еден старец, секоја вечер, си идел пешки од кај што си живеел во центарот на Скопје зад Ристиќева, го поминувал плоштадот Македонија па преку Камениот мост откако ќе поодел малку по рамно, по скаличките се искачувал до пивницата што си била горе на ширинката одма под калето карши свети Спас. Кога велам старец мислам на вистински старец, човек што барем осумдесет има начукано во газот и е дојден на прагот од кој се стапнува пред господа а не на маж што неизделканите новинари го претставуваат како старец а нема ни шеесет штом го згазнат лудаците што возат како џадињата да се празни и само за нивните одлепености направени. Штом ќе се искачел и ќе си седнел на масата под лисјата од јаворот што го заштитувале од раскошната светлина што идела од канделаброт тука близу до чешмата, старецот одма си порачувал пијачка, а најарна пијачка во пивница што може друго да биде ако не пиво со тоа што тој секогаш барал црно во кригла. Сакал старецот да си останува до доцна, до фајронт што се вели оти убаво му било овде од мерата надвор нарочно ноќе кога младите, коишто овде иделе главно дење и правеле голем беузур, бегале од другата страна на реката и се пикале по кафулињата и пабовите покрај Вардарот или на улицата Македонија кај куќата на мајка Тереза или по клубовите низ паркот.
    Малку бил наглув што му било добредојено затоа што можел да се вовлекува во себе и да си ги следи мислите што му иделе а главно биле врзани за живеачката негова сегашна, минатото негово поранешно, за одењето негово идно од светот. Многу сакал баш во таа пивница да си седи и мозга оти била светла и оти била чиста а тој, колку да му бил животот мрачен и валкан, најмногу од сè на светот бендисувал и ценел светлина и чистота. А може имало и нешто друго! И во ноќта за која овде зборувам, сите муштерии, освен стариот, се разбира, негде кај полноќ, лека полека си ги платиле цеховите, си се собрале и клатејќи се од многуто пиво пикнато во мевовите, како вавилонски батакчии, си се раштркале или низ полутемните улички надолу кон Бит-пазар и кон центарот или лево кон мостот Гоце Делчев па покрај Владата по Илинденска до Дебар маало и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+