Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 85 | година XV | јули-август, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 85јули-август, 2012
Проза

Сто мајки и сто татковци

/4
стр. 1
Христина Панџаридис

Дете сум. Гледам со свои очи и сметам на нив. Кога не разбирам – прашувам. Моите прашања често не добиваат одговор… Тогаш ѕирнувам овде-онде, си го пикам носот, како што се изразуваат големите. Ама кога не одговараат? Како да си објасниш зошто на едни семејни фотографии младоженците се маж и жена, а на други две прегрнати жени… Јас не прашувам зошто јадеме на масата, понекогаш право в кревет, ама ова молам да не се шири! Прашувам зошто луѓето се земаат кога се еднакви. Жена со жена и маж со маж. Моите мајка и татко се разведени. Живеам со мама. Татко ми се јавува на телефон и ме зема секоја сабота и недела. Се снабдил, така вели мама налутено, со нова сопруга. Се чудев како да ја викам сè додека таа не ми помогна: „Викај ме – Еј, девојче!“ Ми се виде долго нејзиното име, но се засмеав. Да не си ги расипуваме односите уште на почетокот. А и таа ми беше подготвила подарок за средбата – комплет шминка со кукла која можам да ја шминкам. Можам да се учам на неа пред да почнам да се шарам. Убаво е да си дете во разделено семејство. Се грижат за тебе двојно повеќе! Се натпреваруваат да ме прашаат што сакам за роденден, за Нова година. За распуст одам на планина и на море. И мама ми купува костими за капење, и тато. Се натпреваруваат да ме сакаат! Се плашат да не се пожалам од едните на другите. Ќеф!
     Според дедо, баба се изразила грубо, дека ме „тинтрале и каде ли ќе му бил крајот“. Не знам зошто треба да се зборува за крај. Но, како што книгите и филмовите имаат крај, значи и моето тинтрање ќе заврши. Дотогаш, ништо не одбивам. Ако прашаат – не ќутам, а им спремам список. Не им давам време да прават нови деца и да ме напуштат.
     Чичко ми тресна еден друг збор што скоро го чул неколку пати. Манимулација. „Таа ги манипулира, иако едвај знае што е тоа, сепак е свесна за нејзиното влијание“ се изрази чичо Бојко.
     Мари од нашето одделение ми се пожали дека е најголемата од децата дома и дека откако станале три девојчиња, за неа, речиси, немаат време. Дури ѝ измислиле задолжение – да си ја чува сестричката, седуммесечно бебе, по половина час на ден…
     Друго мислев да ви кажам. За Алена. Таа е со две мајки. Двете живеат со неа. Правилно ме разбравте. Тие се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+