Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 85 | година XV | јули-август, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 85јули-август, 2012
Критика

Патувања во стихови

(Иван Џепароски: Грабнувањето на Европа, Скопје: Дијалог, 2012)


/3
стр. 1
Анастасија Ѓурчинова

Од мноштвото теми кои извираат од новата поетска книга на Иван Џепароски, особено нè погодува онаа за патувањата. Ќе им препуштиме на други толкувачи на неговата поезија да се произнесат за сеопфатното значење на неговите мудри, сталожени и одмерени стихови, обидувајќи се овде да искажеме неколку свежи импресии и асоцијации поврзани со нив.
    Ако песната решила да нè води на прошетка низ Европа и по европските градови, какви што се Рим, Париз, Амстердам, Сараево и други, ние оваа поезија ја гледаме и ја читаме како еден голем и плурален патопис напишан во стихови. И додека така „патува и пишува“, Џепароски воопшто не се задржува само на симплифицираниот опис на пејзажот или на местото како такво. Напротив, новопосетеното место кај него буди безмерни љубопитства, претежно од светот на уметноста и филозофијата и веднаш умешно се врзува за некои соодветни, референтни точки во поетовата меморија. Во таа смисла, особено од аспект на разбудената ерудиција и многубројните интелектуални асоцијации, ова поетско писмо неодоливо потсетува на оној специфичен вид патописна проза, каква што е, на пример, онаа на Клаудио Магрис од делата Дунав или Микрокосмоси, или пак на класичните дела на Гете и Стендал посветени на Италија.
    Во европските престолнини Џепароски упорно се обидува да ја најде вистинската мерка на восприемање на уметноста, не дозволувајќи да биде поразен од „Стендаловиот синдром“, таа чудесна болест од која страда современиот културен туризам, онаа „хиперкултуремија“ содржана во невозможноста на човекот да се справи со преголемата доза убавина додека стои пред делата на славните мајстори. Длабоко поклонувајќи се пред восхитувачки грандиозните платна на Микеланџело или на Рафаел, или пак пред волшебните игри со светлината на Рембрант, или пред впечатливо износените чевли на „кутриот“ Ван Гог, Џепароски успева лежерно да се извлече од „сериозноста“ на ситуацијата, преку фина и суптилна иронија, поврзувајќи одделни моменти од севременските уметнички дела со нашата најжива, актуелна и глобализирана стварност. Доволно е само да се види како тој успева да ја поврзе правта од чевлите на Ван Гог со прашината од активираниот исландски вулкан, која во мигот на поетовата посета на Амстердам го преплавува европското небо, нарушувајќи стотици и стотици патувања на современите туристички номади. Дури, банализацијата на уметноста во масовниот туризам при посетата на некои „задолжителни“ дестинации, како што е на пример Фонтаната ди Треви во Рим, избива на преден план пред слоевите културна меморија. Па, тука поетот ги обвинува и скулпторот Никола Салви и режисерот Фелини и актерот Мастројани како подеднакво виновни за






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+