Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 85 | година XV | јули-август, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 85јули-август, 2012
Галерија Осврти

Mинливост, трансформација и губење на идентитетот

/1
стр. 1
Калина Б. Исаковска

Блу e псевдоним на италијански уметник кој го крие својот идентитет. Живее во Болоња и е активен во уличната уметност од 1999. Со техниката на stop motion (кадар по кадар) уметникот создава прекрасни, но и бизарни анимации кои ја „чепкаат“ темата за минливоста, трансформацијата како и губењето на идентитетот. Неговите ликови се шетаат низ урбаното ткиво на градот, прелевајќи се преку рабовите на зградите и виреејќи низ градските пори.

Блу е најпознат по своите мурали со остри политички пораки; користејќи се со stop motion анимациите во своите дела ја додава димензијата на времето и го претвора процесот на создавање на уметничко дело во широко социјално искуство.

Делата на овој прогресивен уметник со прекрасна фантазија се поставени како стална поставка на фасадите на многу згради во различни градови и оставени да живеат самостоен живот додека градот околу нив се менува. Тие стануваат или симбол на одреден простор или паѓаат во заборав, нагризени од дожд, од ветар, или од рамнодушноста на минувачот.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+