Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 85 | година XV | јули-август, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 85јули-август, 2012
Звук Осврти

Емоционална манипулација и ефект на дистанцирање

– Осврт кон „Опера за три гроша“–


/3
стр. 1
Дарија Андовска

„Некогаш е побитно да се биде човек, отколку да се има добар вкус“
    Бертолт Брехт

Бертолт Брехт (1898-1956) се обидувал да најде начини на кои би ги драматизирал видувањата на Карл Маркс за функционирањето на капитализмот – вклучувајќи ги на посебен начин сценографијата, музиката и глумата во раскажувањето на сторијата, се обидувал да ја оттргне публиката од комфорната идентификација со карактерите, типична за конвенционалниот реализам и натурализам, со цел да го постигне ефектот на дистанцирање, за да индуцира критички став кај публиката, кој би ја отстранил пасивноста што ги храни и одржува условите кои предизвикуваат отуѓување во капитализмот.
     Тој го презирал буржоаскиот театар на своето време, бидејќи театарот се потпирал на емоционална манипулација на публиката, како и емоционалната идентификација со главниот лик. Брехт согледал дека тоа е постигнато со театарската технологија – убави, реалистични поставки, натуралистичко осветлување, замислен четврт ѕид (кон публиката), и емоционални и екстравертни глумечки техники. Наскоро и се убедил во темната моќ на ваквиот приод, гледајќи како во неговата држава, Германија, нацистичкото движење, со својата расистичка, националистичка, ксенофобична демагогија, добива огромна поддршка, врз основа на многу слична емоционална манипулација. Според Брехт, емоционалната манипулација е непријател број еден на човечкото свесно однесување и пристојност.
     „Опера за три гроша“ (The Threepenny opera / Die Dreigroschenoper) била напишана токму со цел да се исмева конвенционалниот, сентиментален мјузикл, како и да биде директен напад на Вагнеровата опера, и преку тоа театарот повеќе да се доближи кон обичните луѓе отколку кон елитните кругови во општеството.
     Текстот за операта го создал во својот ран период на творештво, кога се создадени и Тапани во ноќта, Човек е човек и Махагонија (Успонот и падот на градот Махагонија). Овие драми се хумористични, на сув и циничен начин, и ги претставуваат социјалните и политички прашања, напаѓајќи го вредносниот систем и конвенциите на буржоазијата.
     Брехт бил под влијание на експресионизмот и експериментирал со нови техники. Убеден дека театарот треба да биде двигател на социјални и политички промени, тој барал соодветна форма на театар, создавајќи го таканаречениот „епски театар“.
     „Денес, кога човечкиот карактер мора да биде сфатен како целина од сите социјални услови, епската форма е единствената која може да ги опфати сите процеси, кои ѝ служат на драмата како материјал за комплетно репрезентативна слика на светот“. (Коментар на Брехт, 1931, во „Опера за три гроша“[1])
     Првата соработка на Курт Вајл и Бертолт Брехт се случува по нарачка на музичкиот фестивал од Баден-Баден во 1927-та, која резултира со создавање на Малата Махагонија. Курт Вајл имал репутација на

_____________________________________

1. http://www.universalteacher.org.uk/drama/brecht.htm#8






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+