Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Поезија

Не се мешам во животите на моите соседи

Од англискиот превод на Лиза Кац, превел Игор Исаковски


/8
стр. 1
Нурит Зархи

Душата е Африка
1948
Крушите чекорат наназад
Антарктик
Плафонот одлета
Денеска
ЗаменА
Домашни билки

_______________________________________________________________________

Душата е Африка

Зад екваторот има маса.
Кога ќе застанеш на вратата,
Њујорк, Гибралтар и Лондон над неа нежно се нишаат.
Но душата е Африка.
Онака како што времето врежува тетоважи врз телата,
веројатно претпоставуваш.

Еднаш одамна овде беше друго доба.
Колонијализмот нè спаси.
Не можев да го замислам својот живот во еднина,
попрво во парови, другото секогаш го проголтуваше моето.
Сега, само ние дивјаците останавме.

Адаме, Ево, толку многу се оддалечив од вас.
Каде и да сте, јас секогаш сум на другата страна,
и од минато во минато скокам по вас
со бледото Детско Време кое ми се смалува во рацете.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+