Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Проза

Првата Леди Четерли

(извадок од романот)


/6
стр. 1
Д. Х. Лоренс

Извадок од романот Првата Леди Четерли од Д. Х. Лоренс (1885-1930), во превод од англиски јазик на Катица Гароска Ацевска. Последен роман на англискиот автор Д.Х. Лоренс публикуван во 1928 г. Првото издание било приватно печатено во Фиренца. Поради ласцивната содржина, физичка врска меѓу маж од работничката класа и жена од високата класа, како и експлицитниот опис на љубовните сцени, првото англиско издание е објавено дури во 1960 година.

*Преводот ќе биде објавен во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“


    Тој ce смешкаше со чудна болка на лицето, a таа гледаше во него очекувајќи го неговиот одговор. „Колку што можев да забележам, како да ce измачуваше поради него во последно време“ – рече тој.
    „Да – рече таа. – Чувствувам дека ce ослободувам од него, a потоа ме обзема некој оган, a тоа е…“
    „Што?“
    „Паркин“.
    „Оп?“
    „Да“.
    „Хм!“
    Извесно време размислуваше. „А колку долго трае тој оган?“ – праша тој.
    „Не знам. Никогаш не знам“.
    „А дали е пријатен или не, мислам огнот?“ – праша тој нестрпливо.
    „И тоа не го знам. Тоа е толку силно! Тоа е тој, како cè во мене да ce пали, a огнот, тоа е тој“.
    „Хм! И ти сакаш да си со него?“
    „Бескрајно“.
    „Сакаш ли сега да си со него?“
    Таа воздивна.
    „Да!“ – рече.
    „Хм! Тогаш ce надевам дека наскоро огнот ќе ce изгаси, зашто стануваш здодевна“.
    „Како да го изгасам, со вода?“
    „Мислам дека вљубените луѓе ce здодевни, но очигледно е дека ce забавни, како хор од убавици. Ха, ха, ха!“ – ce насмеа тој малку извештачено и нерасположено ce повлече во аголот на софата.
    Таа седеше молкум, со рацете во скутот, заборавајќи на везилото.
    „Мислам дека трудна жена, која болно размислува за човекот од кој затруднела, е тажна слика – рече тој. – Зошто не одиш кај твојот Оп кога го чувствуваш тоа за него? Зошто не опкаш и не цупкаш со него?“
    „Тој работи во железарницата“ – рече таа.
    „Значи, тој е голем шутрак! Секој шутрак што денес ропски си ja заработува платата е будала. He губи си го времето со него! Опа-цупа. Колку заработува неделно?“
    „Педесет и пет шилинзи“.
    „Ха, ха, ха, ха! Замисли го бесмртниот оган што ce дава под наем за педесет и пет шилинзи неделно. Прометеј за два пени на час! Оп за два долари на ден! Колкава сума имаш ти годишно?“
    „Петстотини годишно, приближно“.
    „Па зошто не го откупиш?“
    „Тој не може да ce откупи“.
    „Ќе биде продаден, но нема да биде откупен… Оган или не, ce плашам дека Оп е будала. Да сум јас на твое место, ќе ce напијам






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+