Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Проза

Светлоста во август

/3
стр. 1
Мирана Ликар Бајжељ

Нè доведоа јужните ветрови. Од југ допловивме до север, во домашните пристаништа. Август е. Зад нас е жолто-белата светлина на Дубровник и Елафити, Мљет и Хвар. Со нас е светлината на август. Во себе носи портокалова нијанса од септември, на кафеавиот октомври, преплетена е со црнината на ноември, волшебна поради сјајот на декември што во неа само го насетуваме.
    Се лулкаме во кабините, по фуражите, на копното и во себе. Си ги лакираме ноктите, ги отстранивме влакната, го испивме кафето, ја прочитавме американската Мари Клер, ја споредувавме со европската, на главата си го ставивме шеширот, ги ставивме очилата за сонце, ја грабнавме книгата, го симнавме шеширот, ја оставивме книгата. Од потпетиците си ја отстранивме тврдата кожа. Го дојадовме чоколадото. Во меѓувреме децата неколку пати нè прашуваат дали ќе одиме да им купиме сладолед, дали вечер ќе одиме на кино, кога ќе тргнат во училиште на сурфање, кога сме научиле да пливаме и со кого, и како нè бакнал тато првиот пат.
    Дува од југ. Не притиска кон тлото. Јажињата чкрипат, челикот ѕвечка, знамињата се веат.
    Во меѓувреме, нашите и туѓите мажи по фуражите и во кабините играат карти: поморски, за играње и за животот. Освен карти, тие играат и со мотори и чамци, и со своите и со туѓите жени, играат на кривини, играат со сметки. Си ги покажуваат и си ги гледаат раните и го маркираат теренот.
    Прилично сме паметни. И мошне богати. Мошне верни и лојални. Поради сето она што го гледаме во светлината на август, донесуваме одлуки.
    Сега ни треба само уште трипати по еден метар осаменост.
    „Одам под туш“, велиме.
    Се облекуваме. Италијанките во бањарки, Германките во наметки со цветови, словенските сестри во крпи, и одиме.
    Кога влегуваме во купатилото, го гледаме истото што сме го виделе и вчера. Мала црна девојка потпрена на вратата на слободна зона од три метри, рацете и се прекрстени на градите и незадоволно мрмори. Знаеме што има внатре, иако не сакаме да гледаме. И вчера не сакавме, но сепак погледнавме и сега ни е жал. Внатре се наоѓа висока бела госпоѓа, толку стара што нејзината кожа е веќе модра на некои места. Со грбот е свртена кон нас. На земјата лежи пелена.
    Влегуваме во кабините и го слушаме она што сме го слушнале веќе вчера, иако не сакавме да го слушнеме.
    „Лучана! Пушти ја водата!“ на кусо.
    „Затвори ја вратата!“
    „Остави ја вратата, пушти ја водата!“
    „Нема да ја пуштам додека не ја затвориш вратата!“
    „Добро, тогаш ќе стоиме вака!“
    Лучана ја пушта водата. Слушаме






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+