Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Есеи

Јас сум, Висенте!

/8
стр. 1
Сашо Димоски

Се чини дека „Кожата во која живеам“ (“La piel que habito”, 2011) е еден од оние филмови кои се гледаат само еднаш – филм на пресвртен миг, момент на целосно изненадување некаде во средината на филмот, кој на првичната приказна ѝ дава сосема нова димензија. Со секое следно гледање, сознанието за изненадувањето веќе го „расипува“ тој негов ефект. Меѓутоа, со секое ново гледање, сфаќаме дека овој филм е многу повеќе од surprise movie или story with a twist. Неговата приказна е многу подлабока и повеќезначна отколку што се чини, и со секое ново гледање се лупи уште еден нов слој кој открива нова димензија. Така, „Кожата во која живеам“ има силни елементи на хорор приказна,[1] на драма, дури и на психолошки трилер, но и на „шпанска“ сапуница. На едно интерпретативно ниво, тој е филм за некои суштински идентитетски (полови и родови) дилеми со кои пред сè се занимава современата феминистичка теорија. На симболично ниво, филмот е и размисла за границите и ограничувањата на внатрешниот и надворешниот простор во однос на филозофските прашања за слободата наспроти судбината, или изборот наспроти даденоста. Како сите овие елементи се наоѓаат во филмот?

* * *

     Приказната на „Кожата во која живеам“ е следнава: д-р Ледгард, научник и пластичен хирург, се обидува и успева да ја врати во живот жена си Гал по една несреќа во која таа ќе претрпи страшни изгореници. Но откако малку ќе закрепне, таа ќе го види својот изобличен лик и се самоубива, фрлајќи се од прозорец. Притоа, паѓа право пред нозете на ќерка им, која по овој настан останува психички лабилна и на крај, животот го завршува исто како и мајка ѝ. По трагедијата, д-р Ледгард се посветува на мисијата да пронајде нова кожа која ќе биде отпорна на пламен, но и на други повреди. Меѓутоа, неговите истражувања, во кои се користат матични клетки и клонирање, според дел од колегите, се неетички и затоа опасни за истражување. Тој своите експерименти ги спроведува и на една пациентка која живее затворена во една соба во неговата богата вила (во која тој нелегално врши и најразлични пластични операции). По пат на реминисценции, флешови, враќања напред и назад низ приказната, Алмодовар преку погоре споменатиот миг на изненадување го открива вистинскиот идентитет на жената која д-р Ледгард ја нарекува Вера. Излегува дека Вера е всушност Висенте, младич кого д-р Ледгард го смета за виновен за самоубиството на ќерка му. За да му се одмазди, тој со години го држи

_____________________________________

1. И самиот Алмодовар филмот го опишал како „хорор приказна без врисоци или плашења“ (Ríos Pérez, Sergio (5 May 2010). "Álmodovar, Bayona make 'ambitious, high-quality European films from Spain'". Cineuropa. http://cineuropa.org/newsdetail.aspx?documentID=145048 Пристапено на 3 јуни 2012).






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+