Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Критика

Дијалошко промислување на македонската и хрватската драма

/9
стр. 1
Наташа Аврамовска

Поттикот за ова излагање го најдов во дијалошкото промислување на двете антологии коишто изминативе години произлегоа како резултат на соработката меѓу Борислав Павловски, професор на Филозофскиот факултет Свеучилиште Загреб, Јелена Лужина, професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Сања Никчевиќ, истакнат хрватски театролог и Венко Андоновски, писател и професор по хрватска литература на Филолошкиот факултет во Скопје. Станува збор за Антологијата на новата македонска драма, којашто приредена и во превод на Борислав Павловски излегува 2000-та во библиотеката „Мансиони“ на Хрватскиот центар ИТИ-Унеско, како и за Антологијата на современата хрватска драма приредена од Сања Никчевиќ, којашто во превод на Венко Андоновски во 2002 ја објави ФДУ во Скопје. Несомнено е дека овие две антологии премостија еден децениски молк на заемна игноранција со оглед на неповолноста на општествените (не)прилики.
    

Антологијата на Павловски на хрватските читателки и читатели им ги претстави драмските текстови на Венко Андоновски, Дејан Дуковски, Трајче Кацаров, Жанина Мирчевска, Сашко Насев и Југослав Петровски, а антологијата на Никчевиќ во Македонија ги донесе имињата на Миро Гавран, Асја Срнец, Паво Маринковиќ, Мате Матишиќ, Лада Каштелан и Иван Видиќ. Двете антологии го одбележуваат пробивот на новите драматичари на македонската односно на хрватската културна сцена во последната деценија на минатиот век.
     Средбата во антологијата на Никчевиќ со драмските текстови на Срнец (Мртва свадба, 1990), Каштелан (Последната алка, 1995) и Видиќ (Сипаници, 1996), како и подоцнежната средба со драмскиот текст Дом од дожд на Матишиќ (кој инаку во антологијата на Никчевиќ е застапен со драмата Филип Октет и волшебната труба), а особено и со драмскиот опус на Видиќ (Бабиното срце, Octopussy, Големиот бел зајак), ме наведоа на трагата на промислувањето на трендот на новата хрватска драма, која низ призмата на семејната ја прикажува општествената драма. Некако само од себе ми се наметна потребата од споредбено проследување на одликите на овој драмски жанр во хрватската и во македонската нова драматика, секако, и со оглед на застапените македонски драмски автори во антологијата на Павловски.
    

За мене во оваа прилика меѓу хрватските драматичари репрезентативен би бил драмскиот опус на Иван Видиќ, затоа што во мојата рецепција на неговото драмско писмо се појави и една дополнителна интрига. Неа ја предизвикаа согледбите на драмскиот писател и театролог Дарко Лукиќ, кој во текстот „Проблемот на преведувањето и разбирањето на специфичните локални проблеми вон нивното сопствено опкружување / остров со скриено богатство – драмските текстови на Иван Видиќ“ се обидува да одговори зошто „Видиќ во Хрватска со право е позициониран во самиот врв






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+