Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Критика

Иновативниот и креативниот македонски XIX век

/4
стр. 1
Валентина Миронска

Македонскиот XIX век (Makedonsko XIX stoljeće, Rijeka, Hrvatska, 2011, 245) е новото издание на  македонистот, афирмираторот на македонската литература, јазик и култура во Хрватска - Горан Калоѓера[1]. Преку книгава Калоѓера го прави својот исчекорот, со цел сублимирано да го претстави македонскиот XIX век од повеќе аспекти: општествени, политички, економски и културни. Таа претставува предизвик за читање и за проучување бидејќи во неа на директен, отворен и концизен начин забележани се мислењата, ставовите, оценките на македонист од немакедонско потекло за нашиот деветнаесетти век.
    Ангажманот на Калоѓера околу афирмирањето на македонската литература,   согледувањето на околностите во кои се одвивала динамиката на конструирањето на македонскиот идентитет во XIX век, е преку неговиот афирмативен пристап кон македонската вистина, што за нас Македонците е од огромно значење. Тој вонредно навлегува во состојбите, води дијалог со македонските преродбеници, просветители, а на моменти и полемизира со противниците на македонското прашање. Калоѓера ја прифатил македонската кауза и за неа се застапува преку неговите лични ставови кои произлегуваат од изворни, архивски материјали како и од македонската научна мисла. Тој е еден од ретките немакедонски научник кој исклучително ја познава и почитува македонската научна мисла. Притоа на моменти знае со поладен став да додаде или да дооцени нешто, да исполемизира, при што со тоа не наведува на нови истражувања. Тој е директен, реален, непретенциозен, без фалсификати и мистификации. Негова забелешка кон македонските колеги е изразениот песимизам и шкртост со кои тие ги вреднувале и признавале резултатите на преродбенското движење.
    Во книгата распослана е историјата односно загатнати се сите актуелни прашања на македонскиот XIX век. Во првиот дел Стопанските, општествените и политичките прилики во Македонија во XIX. век застапени се девет студии во кои пишува за геополитичката и економската состојба, за школството и за јазичното прашање, за политичката положба на Македонија во рамките на Турското царство, за општествено културниот живот т.е. за библиотеките, читалиштата и за музичкиот живот, за туѓите пропаганди на тлото на Македонија, за резултатите од првиот преродбенски период и за книжевната дејност со трите статии „Уметничка книжевност“, „Усна книжевност“ и „Воведување на народните говори во печатен збор“. Во вториот дел Во потрага за националниот идентитет застапени се дваесет и две студии во кои пишува за грчката и егзархиската пропаганда, за стопанските, општествените и политичките прилики во втората половина на XIX век, за борбата на Македонците против Цариградската патријаршија и за националното будење на македонските градови и општини, за Словенската алтернатива, за судирите со Бугарската егзархија и за унијатското движење, за

_____________________________________

1. почесен член на МАНУ, на ДПМ, почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, почесен конзул на Р. Македонија во Р. Хрватска, добитник на: државната награда „Св. Климент Охридски“, „Рациновото признание“, златната плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  благодарницата од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, државната награда „Орден за заслуги за Македонија“ итн.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+