Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 09 | година II | јуни-јули, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 09јуни-јули, 1999
Звук Осврти

За македонската вокална традиција

/10
стр. 1
Бранка Бугариска

Развој на вокалната традиција од социо-историски аспект

    Слично на другите народи и култури, македонското народно пеење ги наоѓа своите корени уште во предисторискиот период, кога човекот ги користел рацете за да свири на некои инструменти од дрво, коски, и тн. Овие „примитивни“ музички инструменти биле користени и за придружба на разните ритуални танци. Тоа било време на дифузниот говор богат со многу мелодиски изразни елементи, како што е глисандото, кои имале за цел да ги имитираат животните и птиците пред одењето во лов (како дел од имитативната магија). Втората фаза во разворот веројатно е средниот варварски период од историјата, чија главна карактеристика е појавата на естетското чувство за музиката и нејзиниот посебен пораст тесно поврзан со природната религија и политеистичко-тотемистичките верувања. Најнегуван (како најважен) бил култот кон плодноста на луѓето, животните и птиците, земјата, итн. Племенскиот начин на живеење бил заменет со систем во кој доминирале патријархалните закони на заедницата. Природната поделба на трудот помеѓу половите во тој период била причина заради која жените останувале повеќе во домот грижејќи се за децата и фамилијата. За тоа време мажите се грижеле за потешките земјоделски задачи. Тоа им овозможило на жените повеќе време и слобода да воздигнуваат и слават различни култови, да изведуваат ритуали и да се молат за плодност и здравје на фамилијата, но и на стоката.
    Во хронолошки рамки, најстарите народни песни се најверојатно работничките песни. Вториот период во историјата на развојот на вокалната традиција е времето кога предходните работни песни станале независни од самиот работен процес, односно почнале да се изведуваат и во врска со разни други активности. Следната фаза е периодот на новите пеачки можности-песни за емоциите: песни за раѓањето и смртта, како и љубовната лирика. Тоа исто така било и време на практичната егзистенција на епската јуначка песна, како и ритуалното пеење за повикување на дожд, и други пагански ритуални опевања. Сево ова се женски песни кои се изведуваат колективно (освен индивидуалните: приспивните и тажачките песни).
    На почетокот на минатиот век социјалната ситуација на македонската градска популација почнала да се менува; во услови на турско владеење на Македонците им било дозволено да се занимаваат со занаетчиство, што предходно претставувало привилегија само на турските окупатори. Не долго после тоа, Македонците почнале да се занимаваат и со трговија, па континуирано и бројот на интересентите за едукација се зголемувал. Со други зборови, доволен податок за општата слика на градската култура на Македонија во тоа време (крај на 19 и почеток на 20 век)






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+