Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Галерија Осврти

Поетиката на тишината и далечината

/2
стр. 1
Конча Пиркоска

Најновата изложба на Тања Балаќ под наслов „Просторни дистанци“ претставува извесен додаток, суплемент на трагата, на остатокот, од претходната фаза, која стилски суптилно се прелеа од геометриски апстрактната, во новата репрезентативна, миметичка фаза.
    Репрезентациската функција во конкретниве пастели, во актуелната сликарска поетика на Балаќ, колку што ни ја открива, толку и ни ја сокрива смислата на репрезентираното. Низ видливото стилско прелевање и меланжирање меѓу геометриската апстракција и фигурацијата, како и колажирањето (аплицирањето на весниците), авторката синхронизирано ја удвојува и смислата и еманацијата на појавното, на репрезентираното. Она што се надоместува, она што го заменува отсутното, присутното го манифестира како можност за поинакво, за ново, дополнително присуство на знакот. За да го видиме знакот како метафора, како јазик, како писмо, не ни е доволно само присуството на ординарното видливо морфолошко средство кое е вградено во структурата на сликите, туку неопходно ни е разгарничувањето, разгатнувањето, токму на видливото, во кое е притаено невидливото, зашто тоа се наоѓа отаде доминантната морфологија, зад појавното, зад манифестното.
    

Со примарната рецепција на мотивите, ни се објавуваат различните хронотопски и културни хоризонти, коишто, низ тактиката на тактовите на ритмичките резови, авторката се обидува да ги пополни временските пукнатини и процепи. Низ личното, интимно сеќавање, со внатрешната, одмерена емотивна дистанца, Балаќ се обидува (наспроти современите глобалистичко-плуралистички визуелни технолошки трендови) во напуштените, осамени урбани и пејзажни предели да ги всели, да ги вдоми разнородните заборавени или избришани културни артефакти од нашата колективна меморија.
    

Бавното темпо на лапидарното наративно дејствие во сликите на Балаќ, се случува во некој друг, нам познато - непознат, далечен, речиси романтичарско - митски хронотопски контекст. Во најголемиот дел од пастелите, со аплицирањето на различните мотиви на колажите, низ своевидното рецитирање, реакцентирање и дијалогизирање со нејзините претходници, како и со различните кадрирања, во пејзажните предели сместени се фрагменти од антички скулптури, од кинематографски секвенци, како и од сликарски фрагменти кои ја симулираат поетиката на ренесансно – барокните мајстори. Оттука може да се заклучи дека, зад целата актуелна сликарска серија, авторката ни ја презентира идејата на нејзиниот сликарски дискурс како репрезентациски инструмент којшто е еден вид алузија – илузија на видливото и наративното, зашто таа ја знае визуелната формула, дека токму во појавното, во феноменолошкото, лежи криптичното, кодираното, неразгатливото.
    

Таа софистицирана и дистанцирана, нема, заводлива игра меѓу видливото и невидливото, меѓу присутното и отсутното, е во позиција на постојано флуктуирање и прелевање на илузијата на моќта и на превласта меѓу тишината и дистанцата. Но кај Балаќ токму екстензивната тишина која






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+