Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Звук Осврти

Светските џез хоризонти го збогатија Скопје

/5
стр. 1
Тина Иванова

Од 19 до 23 октомври, пет вечери со четиринаесет концерти на врвни имиња, на три локации, го красеа годинашниот, 31. „Скопски џез фестивал“

„Скопски џез фестивал“ е еден од ретките, ако не и единствен во земјава, кој се чини умее да замижи пред економската, но и пред духовната криза. Според програмата и на ова, 31. издание, се чини дека овој фестивал не го допира општата апатија, меланхолија или, ако сакате, резигнираност – чувства што како вируси се шират меѓу институциите, но и меѓу поединците. Кризата, во секој контекст, е добра за уметност но, велат, не и за култура. Тоа, за среќа, не се однесува на џезот кај нас. Па, иако некомерцијална, што е уште подобро да се одржи континуитетот на реномето градено три децении наназад, овогодишната програма е одлична и тоа укажува дека, сепак, некои традиционални вредности опстојуваат и на ова наше какофонично поднебје.
    

Четиринаесет концерти во пет вечери и многу публика – тоа е кусиот опис за годинашниот џез фестивал кој траеше од 19 до 23 октомври, сместен на три локации, Универзална сала, Македонска опера и балет и Сити хол центарот наменет за полноќните настани, а кој понуди богатство од звуци – иновативни и традиционални, многу аплаузи на отворена сцена, емоции, но и многу свирачка енергија и изведувачки мајстории.
    

„Скопски џез фестивал“ во своето 31. патување почна со авангарден американски џез, на изненадување на повеќемината присутни во преполната Македонска опера и балет, со концертот на големото име – чикашкиот саксофонист Ентони Брекстон (Anthony Braxton). Тоа е и можеби елементарната врвка за која можеме да се фатиме и да му го дадеме на фестивалот епитетот „ненасилен“. Овој пат, за среќа, го немаше оној гламурозен, спектакуларен „црвен тепих“ вообичаен за отворањата на македонските фестивали и премиери во последно време. Па, и покрај присуството на т.н. македонска елита, културна и политичка, „Скопски џез фестивал“ за својот почеток понуди нешто невообичаено, нешто што не е за сите вкусови. И тоа е добро да се случи денес и овде за да ги задржиме и оние малку вистински естетски, културолошки репери што ни останаа.
    

А Ентони Брекстон, кој четири децении создава сопствен, уникатен музички јазик, свои автентични звучни графикони, под влијание на револуционерите во европската и американската музика, претставниците на музичкиот XX век како што се Штокхаузен (Stockhausen), Ксенакис (Xenakis), Кејџ (Cage) или Ајвс (Ives), го даде токму тоа што го очекуваа познавачите на џезот и на современата музика. Инвентивните звуци на Брекстон ги задоволија гладните за нешто различно,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+