Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 86 | година XV | септември-октомври, 2012



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 86септември-октомври, 2012
Звук Осврти

Албум што се вдишува со широки гради

/2
стр. 1
Бојан Шашевски

„Мугер Фугер“ е бенд од кој извира музичка одговорност за поттикнување напредна мисла и здрав разум. Групација што мисионерски обединува и активно се грижи за одржување на независниот креативен агенс. Нивниот музички бран се издигнува над културната вулгаризација и, уште поважно, пркоси на силиконската плима. И тоа доста дрско, на единствениот разумен начин – со свирки, инспиративни дружби и продуктивност. Постојано! Со бројни креативци кои се противат на гравитацијата на робомислителство. Оттука, се чини дека лидерот Сеад Хаџиќ–Сецко и дружината немаат друга намера освен да прават музика. Експериментална, надреална, постпанкерска, социјално-политичка, бескомпромисна инди рок-музика со став, со заби, срце и мозок.
     Сè уште ја вдишуваме свежината од „4 јули“, но, еве, ниту година подоцна, момците повторно предизвикуваат со албумот „Ла Кања“, насловен по клубот од Старата скопска чаршија. Но, „Ла Кања“ не е клуб или пијанка-бар, туку интимна страница од урбаниот градски живот. Плодно место каде што изминатиов период виреат алтернативни музички настани, перформанси, проекции, промоции, тематски сетови и, пред сè, претставува свртувалиште за собирање и делење уметнички елан. Можеби токму затоа најавата за најновиот албум на „Мугер Фугер“ инстантно ги електрифицираше супкултурните антени.
     „Ла Кања“ е снимен во „Соник 57 студио“ и содржи пакет аранжман од 12 теми од дваесетина музичари, инструменталисти, креативци, факелносци на домашната инди-сцена. Дејствува како компилациско издание и може слободно да се нарече „Мугер Фугер и пријателите“. Инволвираните се впуштаат во темелно искушение за создавање заемен флуид што ќе носи магнетна звучна подлога за истражување на слушателите. Во компарација со претходните носачи на звук, „Ла Кања“ има за нијанса посветол и помелодичен пристап. Но, тоа не значи дека треба да му се пријде левтерно и со доза на резерва. Овој албум се вдишува со широки гради. Се впива со отворена глава. Ве носи на емоционален ролеркостер низ сонлив, повеќеслоен гитарски амбиентум. Истовремено нуди жар, естетика, дисторзирани делови, хаотичност, психоделија, поетичност, меланхолија и рокенрол-бунтовништво. Сето вешто избалансирано и спакувано.
     Впрочем, сите песни се приспособени за уметниците вклучени во проектот. Звучната слика на „Ла Кања“ е обоена со сензибилитетот и белезите на Сецко, Сашко Костов, Ади Имери, Горан Трајковски, Џабир Дерала, Гино… Во темата „Ново Лисиче“, една од „најзаразните“ песни на цедето, го чувствуваме траорниот вокал и творечкиот дух на Готра, во „Разбуди ме“ и “So real” еклектичноста и талентот на Костов, а во “Standing at the top of the world” гитарската екслозивност на Имери. Песна за паметење е и опојната „Девојка Надја“ правена со музикологот и новинар Тина Иванова,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+