Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 01 | година I | март, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 01март, 1998
Критика

Анализа на една катализа

(или: анализа на 15 „неважни“ страници во еден важен роман)


/9
стр. 1
Јасна Котеска

1. Увод

    Текстот кој следи е обид да се осветли функционирањето на онаа развикана формула од литературната наука: „единство на содржината и формата“. Ќе се обидеме тоа го сториме преку анализа на однесувањето на една катализа. (Терминот катализа го преземаме од прочуената статија на Ролан Барт: „Увод во стуктуралната анализа на раскажувањето“[1]).
    За да ја избегнеме необично отпорната константа на човековиот карактер – изживување во широчина, ќе се ограничиме на краток фонд од 15 страници од роман на хрватскиот писател Јанко Лесковар (1861-1944). Краткиот роман за кој ќе стане збор има 105 страници, се вика Пропали двори (прво издание 1896), а нашата работа се 15-те страници од 47 до 62[2].
    Одбрани се 15 страници кои во целината на делото се чинат сосем неважни, дури и излишни; тоа е точно оној дел од романот, што просечниот читател го прерипува, што може и визуелно да се долови со левтерно загледување на маргините. Читателското внимание на споменатите петнаесет страници попушта, откако читателот регистрира дека во нив не се случува ништо важно.
    Главниот јунак Павле сретнува неколку небитни луѓе од аспект на фабулата и со нив поведува разговор од којшто не произлегува ништо битно за заплетот; тој се наоѓа во низа излишни ситуации; читателот доживува редица слики од соседството. Според Јакобсон, таа згуснатост на раскажувањето е прв сигнал дека читаме дело од реалистичен жанр. (ова е роман од т.н. Психолошки реализам).
    Но нашето прашање е дали секоја од тие средби (предикации) на главниот јунак според нивниот ред и обем, значи формално, стои во врска со содржината на романот? Дали има врска што Павле прво се сретнува со клучарот, а потоа со стрикото или тоа случајно така се залепило едно до друго? Нашата елаборација ќе оди во правец на покажување дека секоја средба, јадење, спиење и пиење имаат, според редоследот и интензитетот во кои се дадени, своја конкретна функционалност во делото.

_____________________________________

1. во книгата: „Теорија на прозата“ избор на текстови, превод и предговор Атанас Вангелов, Детска радост, Скопје,1996.
2. според изданието: Јанко Лесковар: „Пропали двори“, „Матица Хрватска“ Зора – Загреб, 1963, од едицијата – „Pet stoljeća hrvatske književnosti“ (книга бр. 59).






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+