Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 09 | година II | јуни-јули, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 09јуни-јули, 1999
Театар Текст

Словенскиот ковчег

(Сказна во прав), 1996 (Петнаесет сцени, пролог и епилог)


/11
стр. 1
Венко Андоновски

_______________________________________________________________________

Во Скопје, некаде кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите  години, кога имав пет-шест години, децата од перифериите (каде израснав и јас) многу често се забавуваа на тој начин што со помош на рацете и некои  предмети, во темни простории, под свеќа, правеа сенки. Некои од нив станаа вистински мајстори во тоа: раката, со мала магија се претвораше во гуска, во ѓавол со рогови, во пес, во клун, во змеј, во коњ со крилја. Предметите го менуваа ликот: иглата за шиење, со помош на лупа стануваше дете во повој, вилушката стануваше престрашен човек или трозабец оставен пред влезот на заводливиот подземен свет на сенките. Многу од тие трикови и метаморфози сум ги заборавил, а на нив се потсетувам сега, кога со ќерка ми, при луња и прекин на струја се обидувам да го повторам истото.
    Во Скопје тогаш често немаше струја. Тоа се викаше рестрикција. Не знам зошто сега нема рестрикции. Веројатно сме побогати. Но знам дека сме посиромашни за светот на сенките. За тој свет сега читаме само од старите митолошки книги.
    Оваа пиеса им ја посветувам на сите оние од мојата генерација кои ги продадоа сенките. И заминаа да живеат во еден светол свет, свет на брусени метали, конзервирани минерали, блед неон и светла перспектива.

Јас

ЛИЦА:
    БЕЛА (24), на исток самовила, на запад манекенка со мртовечки чевли;
    ЦЕЦА (17), нејзина сестра, девојка на која постојано ѝ студи;
    ДЕТЕТО (6), син на Бела, одбира татко со златно јаболко;
    КУКЛА (24), јунак во потрага по Словенскиот ковчег и златното јаболко;
    АРСО (60), заставник пред пензија;
    ЦВЕТА (58), домаќинка, жена што сонува;
    КУКА (24), човек кој сака да го заборави Словенскиот ковчег;
    ТЕМО (60), негов татко, првин психијатар, потем ќуркчија;
    ЗМИЈА, човек без одредени години, виенски моден креатор, трговец со багери, кожи, жени и друго;
    ГОСПОД, старец, господар на сенките;
    ПОЛИЦАЕЦОТ, прво пука потем прашува;
    СЛОВЕНСКИОТ КОВЧЕГ, предмет во кој е сместен еден изгубен свет:
    Двајца телохранители, сенки, поленов прав, и други важни ликови.

Се случува во пролет 1993 година.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+