Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 10-11 | година II | август-ноември, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 10-11август-ноември, 1999
Проза

Да бев маж

/3
стр. 1
Марина Филатова

    Сите мажи се момчиња кога се мали. Да бев момче по име Петар, јас ќе скитав долж шумските патеки, до нашата скришна елка, и ќе чекав со нетрпение, газејќи ја отровната црвена печурка, џвакајќи ги долгнавестите стебленца трева и плукајќи ги наваму-натаму. Таа не ќе дојдеше и јас следниот ден пак ќе одев на нашето тајно место, и ќе ја глодав кората елката, и ќе скршев неколку гранки, потоа ќе ископав дупка со прачка и ќе зјапав во неа долго време, потоа ќе се измочав во дупката, ќе ја закопав и ќе си одев. Подоцна ќе се вратев, за последен пат, кога времето ќе се расипеше и надвор ќе немаше никој, и низ шепотот на дождот, ќе слушнев познат глас како се кикоти и некој друг како се смее – и во тоа смеење ќе го препознаев Виктор од најдалечната дача, момчето со кое никој не би се ни тепал, толку расипано мирисаше. Јас ќе си отидев со брзање, сопнувајќи се и паѓајќи и ќе почнев да ползам, разранувајќи си ги колената до крв и тогаш, под елката, ќе ги погледнев бледите мали петици покриени со 'рѓаво-кафеави иглички и ќе сфатев сè, не сфаќајќи впрочем ништо, ќе се разбеснев и ќе се исправев во полна височина и за првпат ќе почувствував како нешто се помрднува во моите сино-бобичави бермуди и ќе го удрев тоа место и ќе го погледнев од блиску и веќе не ќе давав ни пет пари за другите и ќе станев потполно преокупиран со себе – и потоа ќе пораснев и ќе заборавев на сè во врска со тоа. Ќе ги вежбав мускулите, ќе читав здодевни книги, ќе помнев факти, ќе следев спортски настани, ќе се смеев со мојата смрдлива уста, прекумерно хрчејќи во друштво, глумејќи замор и незадоволство. И потоа ќе решев дека сакам да се оженам (зошто – не можам да кажам зошто – претпоставувам дека тоа ќе беше некоја пресвртна точка) ќе запознаев некоја девојка и ќе ја посетев дома, ќе се разочарав и ќе ѝ купев погрешни цвеќиња, и на денот на нашата венчавка ќе го имав последниот сексуален флерт на страна и ќе потрчав кон бирото за регистрација светнат како ново копче, со ѓаволски светкав поглед зад очилата. Ќе промрморев заклетва за верност што никој не ќе можеше да ја чуе, и ќе го зачував ветувањето за една и пол година, мачејќи се со монотонија голема како планина и тогаш ќе се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+