Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 10-11 | година II | август-ноември, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 10-11август-ноември, 1999
Проза

Смртта на лисицата

/6
стр. 1
Игор Исаковски

    Беше зимска ноќ. Вентилацијата не работеше. Снемуваше струја многу често. Луѓето влегуваа, ѕиркаа низ вратата, виѓаваа дека нема многу луѓе внатре, и ја затвораа вратата. Беше средина на неделата. Среда. Некој од скопските зимски месеци. Скопје има многу зимски месеци. Кафеаната делуваше тажно; доминираше жолто светло. Тоа беше добро. Како спас од магла. Поточно, како нешто што личи на спас од магла, зашто не постои спас од скопската магла. Светлото беше тука како залажување. Понекогаш и тоа е доволно. Но, таа вечер тоа не беше доволно. Пиев пиво, се моткав околу музиката, проправував по некој бош муабет со луѓето внатре и пушев како осуденик на смрт. Сред средината на неделата.
    Бевме како бегалци: никој не сакаше да замине од кафеаната, иако беше повеќе од јасно дека ноќта би била најверојатно подобра на кое било друго место. Дури и покрај маглата надвор. Беше јасно. Кое било место. Дома? „Повеќе од јасно“ значи јаснотија блиска до блесок на светилки на маса за операции. Како просветлување за кое што си сигурен дека не е тоа. Дремевме таму и некои од нас се обидуваа да се забавуваат. Мислам дека јас бев најнасмеаниот…
    – Ајде да одиме во Охрид! – рече некој.
    Другите почнаа да џагорат. Во суштина, никој немаше намера да оди каде било. Да. Но, ете, некој го спомна тоа и ете ти приказна… Стоев со една моја пријателка на шанкот, ништев пиво како да ми е последно, и никако не се напојував, но разговорот течеше и јас реков:
    – Ајде да одиме.
    Таа се насмеа, и праша:
    – Кои?
    – Па, не знам – реков јас – кој сака. Сеедно е, нели? – реков.
    – Ајде – рече таа.
    Се чукнавме со чашите.
    – Имаш кола? – прашав.
    – Имам – рече таа.
    – Кога ќе тргнеме? – прашав јас.
    – Да го допијам ова – рече таа.
    Стоевме таму и пиевме уште. Пивеме како да нема никаде да одиме.
    – Вие навистина ќе одите? – праша еден. Тој е во ред, но тоа сега нема врска.
    – Да, а ти?
    – Јас ќе одам со уште еден.
    – Имате место во кола?
    – Не. Носиме некои работи во Охрид.
    Токму така рече: „работи“. Не рече „ствари“.
    – Добро, каде ќе се најдеме?
    – На пристаниште?
    – На пристаниште.
    – Чао.
    – Среќен пат! За два саати сме таму.
    Пак пиевме. Како да не ќе одевме. Тргнавме.
    – Слушај, Вампир – рече таа – некако не ми се оди со мојата кола…
    – Хмпф?
    – Не сум била на толку долга релација до сега. Не сум возела.
    – Ништо, батали…
    – Немој да


Ова е извадок од:
еКнига




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+