Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 10-11 | година II | август-ноември, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 10-11август-ноември, 1999
Есеи

Иронии и парадокси

/8
стр. 1
Хју Бредин

    Апстракт: Во современата литературна култура мошне е раширено уверувањето дека иронијата и парадоксот се во голема мерка сродни. Ова се должи на големото значење коешто, во современите вреднувања на литературата, ѝ се припишува на употребата на јазикот. Се чини дека иронијата и парадоксот ги отелотворуваат оние видови на јазично бунтовништво, иновација, девијација и игра, коишто во текот на ова столетие станаа доминантни критериуми на литературната вредност. Поврзувањето на иронијата со парадоксот, и на обете со литературата, честопати ѝ  се припишува на „Новата критика“, а особено на Клинт Брукс (Cleants Brooks). Сепак, Брукс ги употребуваше овие два термина на еден неконвенционален, дури и ексцентричен начин, кој значително се разликува од нивната употреба во теоријата на фигурите. Затоа јас ги испитувам иронијата и парадоксот како вербални фигури, одбележувајќи ги нивните карактеристични одлики и критериуми, а особено начинот на кој тие се разликуваат една од друга (на пример, парадоксот сака да го каже токму она коешто го кажува, а со иронијата тоа не е случај). Јас го застапувам гледиштето дека иронијата и парадоксот – како што ги сфаќаше Брукс – поседуваат значајна блискост со иронијата и парадоксот како фигури, но дека мораат да се сметаат за различни, како во теоријата на фигурите, така и во Бруксовата проширена смисла.


    Во современата литературна култура мошне е раширено уверувањето, односно чувството, дека иронијата и парадоксот се во голема мерка сродни. Ова делумно се должи на големото значење коешто, во современите описи и вреднувања на литературата, ѝ  се припишува на употребата на јазикот. Се чини дека иронијата и парадоксот ги одразуваат и отелотворуваат оние видови на јазично бунтовништво, иновација, девијација и игра, коишто во текот на ова столетие станаа доминантни критериуми на литературната вредност.
    Ова експлицитно поврзување на иронијата со парадоксот, и на обете со литературата, честопати ѝ  се припишува на „Новата критика“, а особено на Клинт Брукс. Сепак, Брукс ги употребуваше овие два термина на еден неконвенционален, дури и ексцентричен начин. Се чини дека тој иронијата ја сметаше за принцип на ред и единство: не толку како одлика на јазикот или значењето, колку како вид кохеренција која ги обединува диспаратните елементи, слично како во Аристотеловата концепција на целоста и интегритетот во Поетика 8 (Brooks 1951). Што се однесува до парадоксот, него Брукс го сметаше за квалитет во јазикот кој мошне наликува на она што Виктор Шкловски (Viktor Shklovsky) го нарекуваше дефамилијаризација: отстапување од конвенционалниот јазик кое има за цел да ги измести нашите перцепции и мисли во правец на невообичаените, и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+