Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 10-11 | година II | август-ноември, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 10-11август-ноември, 1999
Критика

Дионизискиот феномен и метаморфозите во македонската народна литература

/13
стр. 1
Ленка Татаровска

    Дионизискиот култ кај Елините доаѓа од Тракија и Македонија,[1] а според некои мислења се смета дека има малоазиско потекло[2]. Митот за распарчувањето на детето Дионис – Загреј, познат е, пред сè, благодарение на христијанските автори.[3] По заповед на Хера, новородениот Зевсов син е растргнат од страна на Титани, а таму каде што на земја паднала неговата крв, веднаш изникнало дрво. Распарченото тело титаните го ставиле во лонец и го свариле. Меѓутоа, божицата Реа повторно го составила и го повратила во живот. Подоцна, по наредба на таткото Зевс, од страна на Хермес, Дионис е претворен, час во јаре, час во овен и даден е на чување кај нимфите, во една пештера на ридот Нис. Епикуреецот Филодем, Цицеронов современик, зборува за три Дионисови раѓања и тоа: првото од мајка, второто од бедрената коска на Зевс, слично на Хетитскиот бог на ветровите, роден од Кумабаја – каде е исклучено секакво постоење на мајка. Ова обредно раѓање само од машки пол е позната обредна церемонија, позајмена од Хетитите (Книга за Рут III, 9).[4] Третото раѓање на Дионис е кога неговата баба – божицата Реа, го спасува срцето на растргнатото дете и ги составува распарчените делови. Во овој „злочин на титаните“ се препознава старото сценарио преку кое на детето му е дадена божествена бесмртност. Тоа е и најдраматичната епизода на митот каде, освен парчење, е применето и варење. Ова преминување на човечкото тело низ оган и негова метаморфоза, претставува иницијациски обред, со кој се постигнува бесмртност. Самото кинење, печење или преминување низ оган, е карактеристичен процес и за шаманските иницијации.
    Иницијацискиот карактер на дионизиските обреди е лесно препознатлив во Делфи, каде што жените го прославувале последното раѓање на богот. За време на празнувањето, во делфиското кошаре се наоѓал распарчениот Дионис, подготвен за повторно раѓање. Подоцна, како реформатор на дионизиските мистерии, се смета Орфеј и тие веќе во V-от век, примаат во себе и „орфички“ елементи. Хтонискиот Дионис е бог кој се разликува од олимписките богови и кој најмногу изненадува со своите епифании и разновидноста на своите трансформации. Секогаш во движење, тој е подготвен на поврзување со различни, дури и антагонистички божества, како што се на пример, Деметра и Аполон.[5] Овој бог е познат по своите физички метаморфози како лав, бик, или змија. Неговите календарски амблеми говорат дека се родил во зима како змија, оттаму и неговиот венец од змии; станал лав во пролет и бил убиен и изеден како бик, јарец или елен среде лето. Тоа

_____________________________________

1. Milosh N. Gjuric, Orfizam I helenska filozofija I Dionisov kult I njegovo oblagorogjivanje u orfizmu, vo: Kroz helensku istoriju, knjizhevnost I muziku (studije I ogledi), Beograd, 1955, 227.
2. Vojin Matikj, Sveti vuk, vo: Zaboravljena bozhanstva, Beograd, 1972, 59.
3. Mircha Elijade, Istorija verovanja I religiskih ideja I, Od kamenog doba do Eleusinskih misterija. Prevela Biljana Jukic. Beograd, 1991, 312.
4. Robert Grevs, Grchki mitovi, prva knjiga. Beograd, 1974, 104-105, 109-110.
5. Mircha Elijade, Istorija verovanja I religijskih ideja I, … Str. 314. ; Robert Grevs, Grchki mitovi, prva knjiga… Str. 109.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+