Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 10-11 | година II | август-ноември, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 10-11август-ноември, 1999
Галерија Осврти

Барајќи филм

(за двете најнови македонски филмски остварувања, филмовите „Збогум на XX век“ на Д. Митревски и А. Поповски и „Маклабас“ на А. Станковски)


/7
стр. 1
Петар Волнаровски

    Веќе подолго време во македонската кинематографија се чувствува една силно изразена тенденција кон изнаоѓање на некои нови филмски изрази, односно една латентна потрага по еден – нов – македонски филм. Посебно по филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, кој застана на македонското филмско небо – како неприкосновен врв на дотогашното филмско творештво во Македонија. Тој филм дојде во нашата кинематографија како своевидно крајно заокружување на дотогашните македонски филмски тенденции и прокупации. Затоа, некако нормално се појави желбата, или поточно: потребата – за изнаоѓање на нешто ново, нешто свежо, или барем нешто поинакво, подруго во македонскиот филм, што е всушност, и суштинска цел на потрагата во секоја уметност – да се направи нешто, ако не веќе ново (бидејќи тоа – да се направи нешто сосем ново – некои од теоретичарите на уметноста го сметаат за невозможно), тогаш нешто поинакво, на некој друг начин, или барем од некаков друг агол, и слично.
        Така, речиси сите филмови што се снимени кај нас по филмот на Милчо Манчевски, ја имаат таа тенденција на помал или поголем експеримент, помалку или повеќе успешно (иако мора да заклучиме, од она што досега сме го виделе, повеќе неуспешно отколку успешно). Императивот на другоста и на новото, поинаквото, сега-засега не успева да ја оплоди нашата филмска почва.
        Затоа, намерата на овој текст е да ги разгледа, најопшто во глобала, двата најнови македонски филма, „Збогум на XX век“ и „Маклабас“, за да се добие сликата што тие (ново) ѝ донесуваат на македонската кинематографија, и – дали, и колку, го доближуваат македонскиот филм до таа некоја нова, или подруга поетика.
        Тоа што овие два филма ги разгледуваме паралелно и со една наједноставна општа споредбена анализа, не е случајно. Потребата од едно такво гледање ќе биде очигледна по изнесувањето на крајните заклучоци од споредбата и анализата. Затоа, да почнеме со конкретната разгледба, преку основните елементи кои што го чинат филмот она што е…

1. Фабула:

Збогум… : Фабулата на овој филм, всушност се состои од три приказни. Едната приказна се случува на почетокот на овој век, и зборува за (наводно) првиот инцест филмски регистриран на Балканот, како и казната што следи. Другата приказна е лоцирана (речиси) во сегашноста, односно на крајот од овој век, или уште поточно, за Нова Година, ноќта наспроти 1ви Јануари 2000-та година. Главниот лик е бесниот Дедо Мраз кој, разочаран од луѓето и нивната безобзирност, недостаток на морални вредности и бестијалност, го уништува светот. Подготвувајќи го светот за новиот почеток






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+