Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 10-11 | година II | август-ноември, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 10-11август-ноември, 1999
Звук Осврти

Дај си рака!

(Crash Test Dummies "Give Yourself A Hand", 39', Vik recordings, 1999)


/1
стр. 1
Игор Исаковски

    Шест години по одличниот “God Shuffled His Feet”, Канаѓаните Crash Test Dummies се враќаат на светската рокенрол сцена. Ако меѓу првиот (“The Ghosts That Haunt Me”) и вториот албум паузата од две години беше некако нормална (квалитативно созревање и преиспитување), тогаш збунува големата пауза по мега-селерот “God Shuffled His Feet”. Албумот “A Worms Life” не донесе некои поголеми возбудувања… И, кога фановите (меѓу кои се вбројувам) радосно ќе посегнат по новиот Crash Test Dummies продукт, може да бидат: збунети, или: разочарани, или: заинтригирани, или: сето тоа заедно, со мала доза на чувство на изневереност. Зашто, има нешто ново во музиката на Crash Test Dummies. Тоа, сепак, не е ново во денешната популарна музика. Музиката на бендот се движи од гранџ и жесток рок до трип-хоп (?!), па оттаму и сите „недоумици“ околу новиот албум на Crash Test Dummies. Но, сè се средува по некое време; Бред Робертс (Brad Roberts) и дружината пред нас се појавуваат со еден нов концепт, којшто во своите рамки функционира повеќе од добро. Додека на минатиот албум беа силни: асоцијациите на „чистиот човек“ од Каменото доба, закачките со поп-иконите (Брн, Дилан…), и болничките приказни, овде текстовите се движат меѓу сексот (самозадоволувањето е и во насловот на албумот) и дрогата, меѓу љубовта и болката, меѓу затапеноста и одмаздата. Од тука, веќе не зачудува музичката шареноликост што ја сретнуваме на “Give Yourself A Hand”, како ни преплетите: машки/женски вокал, студено/топло, жестоко/нежно, брзо/бавно. Конечно, во првата половина на 90-тите светот можеби и бил пријатно место за живеење. Кон крајот на милениумот, нештата се трансформираат во некоја од своите опачини, нудејќи ни повеќе темнина, повеќе насилство, повеќе болка, а помалку хумор, иронија и чиста веселба.
    Иако во најжестоките моменти Crash Test Dummies потсетуваат на Red Hot Chilli Peppers и Faith No More, ова е сепак нивниот (нов) израз. За оние што ги сакаа старите Crash Test Dummies, албумот “Give Yourself A Hand” нуди малку. За оние што на бендот ќе му останат верни по секоја цена, ова ќе биде збогатување на колекцијата. Оние од средината, на овој албум ќе откријат и добри и лоши нумери. Со голема надмоќ на добрите.
    Првиот сингл од “Give Yourself A Hand” е “Keep A Lid On Things”; заедно со видео спотот котираат добро. Што, меѓу другото, значи дека ќе се појават уште неколку синглови. Типувам на насловната, “Get You In The Morning”, “I Love Your Goo”, “I Want To Par-Tay!”…


    звучен запис






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+