Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 12 | година III | јануари, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 12јануари, 2000
Проза

Туристички водич

/10
стр. 1
Ричард Гофрeн

    Никогаш повеќе, па јас сум новинар да му се сневиди, не некаква дадилка. Сепак се обидувам да бидам добар човек и не можам да кажам не. А кога за првпат ги сретнав Лејверовите, ми се допаднаа, потоа, кога ми се јавија им реков дека ќе им средам за кола и ќе им покажам малку наоколу. Во оваа земја сум веќе две години и известувам за актуелните настани. Испраќам стории достатно често, им го доставувам тоа што го бараат, иако, да бидам искрен ништо посебно не се случува.
    Главно успеав да ги обиколам местата надвор од градот, сметајќи дека си ја вршам работата. Бегав што подалеку од туристичките места, подалеку од странските и дипломатските толпи,  странските воени претставници и бизнисмени, подалеку од малкуте туристи што ги има тука. Ако ова си го велам себеси, тоа значи дека го сакам чесното искуство. Обично продушкувам низ биртиите надвор од главните патишта.
    Отпрвин мислев дека се работи за покана а не барање.
    – Би сакале да ги видиме старите цркви за кои ни кажуваше и за езерото на запад. Навистина би сакале да ни се придружиш.
    Така барем таа ми објасни. Но тие не знаеле како овде да изнајмат кола. Навистина тие немаа поим за ништо. Па добро, се прифатив за некаков туристички водич. Тоа би можел некако и да го изведам.
    – А каква кола сакате да ви набавам?  Знаеш како е, помала кола, поевтина.
    – Поевтина е подобро, рече таа.
    Звучи надежно, си помислив, со оглед на тоа што ми беше познато дека Лејверови имаат четири члена. Ден беше дојден тука со некоја стипендија за професори, а со Мери имаат две деца генијалци. Едното има седум години а другото две. Е, па добро. Помала кола значи дека таа нашла бејбиситерка.
    Но, таква среќа не ме огреа. Ене ги, сите четворица ме чекаат пред нивната зграда, натоврени со ранци, со торби за пазар, полни кутии сокови, леб, слатки, бебешки шишенца, играчки, пелени за една употреба. Сите можни глупости. Од едната торба капеше некаква течност уште пред да тргнеме. Добро. Требаше да знам. Опушти се, нека оди како што тргнало. Тоа значи дека нема да ја искачуваме планината Гали и дека нема да минеме часови во муабет со вино. Добро. Нека оди по ѓаволите.
    Така се напикавме во колата, се стиснавме еден до друг и тргнавме надвор од градот. Јас возев. Ден на местото до возачот. Мама и генијалците на задното седиште.
    – Што е поголемо километар или милја? прашува Мет. Тој е едно од оние






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+