Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 12 | година III | јануари, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 12јануари, 2000
Галерија Осврти

Такси

/2
стр. 1
Илинденка Петрушева

    Пред некој месец му се восхитувавме на извонредниот италијански филм „Животот е убав“, а еве, денес, пред нас е суптилниот, во вид на крими-комедија, француски филм „Такси“. Одличен дистрибутерски потег за да се донесе едно толку софистицирано дело низ чии пори ги откриваме вибрациите на некои дамнешни француски филмови кои со многу деликатни потези ги обликуваа секојдневните амбиенти и обичните луѓе во нив. Впрочем, галскиот дух е таков – деликатен, суптилен, па таков е и филмот „Такси“. Негов режисер е Жерар Пирес, но сценариото го потпишува големиот француски маг Жан Лик Бесон, кој воедно е и продуцент на овој филм.
       Младиот француски филм, кој очигледно ја победи неколкугодишната креативна криза на оваа кинематографија, повторно го враќа блесокот на стариот добар француски филм. Во ново руво, се разбира. Младите синеасти успеваат со своите филмови, преку свежи режисерски потези и со една современа драматургија да го промовираат својот поглед на животот, но притоа не одбегнувајќи го познатиот француски суптилен дух. И тука некаде е и Бесон (се сеќаваме, нели, на „Никита“, „Големото синило“…). Во случајов со „Такси“, Бесон промовира еден млад режисер Пирес, но очигледно е, барем според резултатите, дека не ја испуштил ситуацијата од своите раце. Бесоновски филм на Жерар Пирес.
       Филмот „Такси“ ја продолжува француската традиција на вреднување на човековиот морал во која нема место за црно-белото сликање на ликовите. И негативецот е позитивец, а и позитивецот е негативец. Француските синеасти многу често се занимаваа со моралните кодекси; и многу често тие кодекси ги сместуваа во иронично-хуморни рамки, со што добивааа несекојдневни резултати (несекојдневни за преостанатиот свет, но не и за Французите). Значи ја имаме следнава ситуација – приказна за тоа како се раѓа пријателство меѓу еден момок споулавен по луди возења низ улиците и уличките на Марсеј и еден млад „смотан“ полицаец.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+