Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 12 | година III | јануари, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 12јануари, 2000
Звук Осврти

Звукот на Morcheeba

(Morcheeba: "Big Calm", "Best of...")


/2
стр. 1
Игор Исаковски

    Долго време им требаше на Рос (Ross Godfrey, 21), Пол (Paul Godfrey, 26) и Скаи (Skye Edwards, 25) за да го потпишат првиот договор за плоча. Потоа сè тргна полесно. Бројот на љубителите на Morcheeba расте со геометриска прогресија. Ова се факти, што посебно радува ако се знаат следниве нешта:
    – Браќата Годфри музиката ја пишуваат со помош на гитара или клавир
    – Албумите што досега ги објавија се направени за „душа“ а не за профит
    – Нивната борба против комерцијалноста е во голема мерка Гандиевска, а пред сè – креативна.

    На првата средба со Морчиба, ќе се прашате: „Што е ова?“. Не „Кој е ова?“. Ова може да се објасни со фактот што во музиката на Морчиба ќе сретнеме и рок и блуз и хип-хоп и рап и реге и класика. И сето тоа „запакувано“ во амбиент својствен на Pink Floyd. Конечно, по кусо време, сето тоа звучи како Морчиба.
    Со голема умешност и (неопходната) креативна храброст, Морчиба го гради својот свет. Неговите темели можеби делуваат лабилно и неопределено, но само на прв поглед; ова не е еклетичка музика. Напротив: се добива силен впечаток дека секоја нота и секој глас е длабоко проживеан. Скаи Едвардс е она по што Морчиба најпрво се препознава; вокал што се чини дека доаѓа од некој друг, заумен свет, полн со емоции и сентимент што ретко кого ќе остави рамнодушен. Иако темнината е присутна, таа е тука само за да го осенчи она што е светло и моќно.
       “The music that we make will heal all our mistakes and lead us/ the music that we hear is always standing near to feed us“ (Музиката што ја правиме ќе ги исправи сите наши грешки и ќе не води/ музиката што ја слушаме е секогаш крај нас да нè нахрани) испеаја Морчиба на својот почеток (Moog Island), и така го трасираа патот за остварување на едно духовно патување во времето на Интернет патувањата. Пеејќи за љубовта, овој бенд ја открива темната страна на вообичаеноста, и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+