Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 12 | година III | јануари, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 12јануари, 2000
Театар Теорија

Метафизиката на претставата: „Театарот на светот“

/6
стр. 1
Алдо Таси

Апстракт: Со метафизиката се случи нешто мошне необично. Во мигот кога философијата ги сосредоточува своите напори за „докрајчување“ на метафизиката, таа процутува во театарот, кој зборува за себеси како за „метафизика-во-дејство“ и публикува трактати насловени како „Чинот на постоењето: кон една теорија на актерството“. Се чини дека ироничноста на оваа ситуација им се измолкна од вид на постмодерните философи. Овој текст ги истражува потенцијалните консеквенци коишто за философската практика ги има новоздобиената „метафизичка тежина“ на театарот. Тој го застапува гледиштето дека театарската претстава е всушност „оделотворување“ (енацтемент) на претставата на постоењето, и ни овозможува да го прошириме нашето разбирање на оваа претстава од театарската сцена кон „театарот на светот“. Тоа, најпосле, ни дава можност да го воспоставиме контекстот за една метафизика којашто нема да ја привилегира „присутноста“.

    Светот на сцената, ролјите, маските, улогите коишто треба да се одиграат, е еден од најпостојаните начини на говор за животот и светот во кој живееме. Всушност, до пред четиристотини години, метафората „theatrum mundi“ беше доминантна слика во западното мислење. Бог беше сфатен според аналогијата на драматург кој го напишал текстот на драмата што се изведува на сцената наречена свет. „Сиот свет е сцена/И луѓето се само глумци…“
    Не помина долго време откако Шекспир ги напиша овие стихови, а метафората на театарот беше лишена од својот метафизички набој. Накусо, таа започна да функционира под покровителство на една нова, уште помоќна слика за светот: „книгата на светот“. Галилео и Декарт ѝ ја дадоа употребната вредност на оваа метафора, којашто имаше далекусежни консеквенци за историјата на метафизичкото мислење на Западот.
    Да се прифати светот како сцена значи да се артикулира едно, во основа, несигурно гледиште за светот. Како што му е познато на секој кој е близок со театарот, доколку претставата треба да му подари присутност на еден свет, тогаш интелигибилноста или значењето на она што се одигрува, не може да биде однапред загарантирана. Исто така, доколку Бог се сфати како драматург, тогаш тој се соочува со безизлезот во кој се наоѓа секој драматург воопшто. Тој е принуден да ја прифати постојаната нестабилност, која се припива кон неговото дело поради фактот што меѓу него и она кое се одигрува на сцената секогаш посредува претставата.
    Сето ова се менува доколку светот го сметаме за книга. Се среќаваме со Бог кој, создавајќи го светот, е повеќе по вкусот на модерната философија – Бог кој може да ја гарантира стабилноста на светот. Интелигибилноста на она што се случува е веќе присутна во книгата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+