Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 12 | година III | јануари, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 12јануари, 2000
Театар Осврти

Патот за Стриндберг

По повод 150-годишнината од раѓањето на Август Стриндберг


/2
стр. 1
Горан Тренчовски

    O CRUX AVE SPES UNICA, вели еден црн дрвен крст на стокхолмските гробишта, небаре им порачува на македонските актери:  „Играјте ме, оти ќе ве снајде апокалипса!“ Со одзив или без, во последната годишна цифра од овој милениум, којашто, меѓу другото, влече товар уште и од три деветки, со отсуство на конкретен актерски порив, фер е, макар симболично, да ја одбележиме 150-годинишнината од раѓањето на креаторот на модерната драма, Август Стриндберг (1849-1912), воведувачот на мотивот инферно во светскиот театар.
    Кој е, воопшто, патот за пристигнување на Стриндберг на македонските професионални сцени? Тој е кривулест, дезориентиран и често непрооден. Наместо потсетување: прва македонска премиера на драма на Стриндберг, е „Татко“ (1887) во изведба на Градскиот театар-Битола во 1924 год., а истата драма ја играа и Народниот театар-Штип во 1963 год. во режија на Илија Арев, Народниот театар-Прилеп во 1966 год. во режија на Благоја Даневски и Драмскиот театар-Скопје во 1989 год. во режија на Тодорка Кондова, кадешто во насловната улога настапи Мите Грозданов. Во последнава верзија, се инсистираше на строго почитување на говорните сегменти, со посебна нагласка на зададената сценска атмосфера. „Мртовечкиот танц“ (1900/01) е игран само во Народниот театар-Скопје, и тоа во 1940 год., а “Соната на сеништата“ (1907) во Македонскиот Народен Театар-Скопје во 1992 год. во режија на Стојан Стојаноски. Во „Соната…“ до израз дојде визуелно-танцовата компонента на претставата, а улогата на Студентот ја толкуваше Никола Ристановски. “Госпоѓицата Јулија“ (1888) е реализирана како испитна претстава на Факултетот за драмски уметности-Скопје, која се подготвуваше и играше во сезоната 1992/93 класата по актерска игра на проф. Владимир Милчин и таму играа: Сузана Киранџиска како Јулија, Владимир Јачев како Жан и Маја Вељковиќ како Кристина. Во оваа претстава се случи едно ретко заокружено актерско обликување на ликовите, што е релевантно достигнување, кога се во прашање така прецизно и вонсериски поставените координати на ликовите од страна на Стриндберг.
    На крајот од овој век, прекумерните горештини, земјотресите, новокомпонираните војни и неизлечивите болести, имаат речиси иста тежина како и мистичноста на секојдневието, бизарноста на некои машко-женски релации, бракот, љубомората и зависта, сецирани низ интимистичкиот дискурс на големиот Данец, Стриндберг, чијшто писателски подем се манифестирал сосема на почетокот од овој век. Сите овие тенденции, водат кон разнишување на семејната клетка, а со тоа и на општеството. Драмскиот пекол, во мало или во големо е de facto, само пекол. Без разлика дали е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+