Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 12 | година III | јануари, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 12јануари, 2000
Театар Осврти

избрани осврти за „Двајца во Еден“

/3
стр. 1
повеќе автори

_______________________________________________________________________

Венко Андоновски

Цената на Еден ЗА ДВАЈЦА

    Томислав Османли ни подарува уште една сјајна, мала пиеса: „Двајца во Еден“ со поднаслов „Пиеса за двајца, месечина и кукли“. И не случајно поимот на сјајот се сврзува и во овој случај со поимот на малото. Досегашното драмско и прозно искуство на Томислав Османли нè научи да ги бараме сјајните нешта во малите работи. И не склучајно сите драмски текстови на Османли, без разлика дали станува збор за ТВ, филмско или театарско сценарио, или дури за раскази како во неговата книга „Пеперутката на детството“, го имаат за предмет малиот човек. Големиот мал човек на Османли е негова фиксна идеја, нешто што го окупира неговиот дискурс од почеток до крај, што го управува, моделира, и структурира. Така е и овој пат, врз примерот на овој драмски текст.
    Низ пет слики, од кои четирите им припаѓаат на неговите ликови Нела и Тото, а едната на неговите (и на ликовите) кукли – Принцезата и Шутот, на еден минијатурен и минимален текстовен простор, со минимум егзистенти на приказната (ликови и декор), Османли му држи жестока лекција на човештвото: тој опоменува дека не можеме повеќе да се преправаме дека сме среќни, оти сме осамени. Дејството е поставено во еден обичен драмски парк, кој низ драмскиот тек се престорува во во метафора на Еденската градина, од која уште во Генезисот, започнува прогонството на Адам и Ева…

(рецензија 17.05.1995)

Глигор Стојковски

Вдахновена пиеса

… „Двајца во Еден“ е вдахновена пиеса, со вешто воден дијалог, со прекрасни поетски пасажи, со мисловна задлабоченост. Томислав Османли крајно го рационализира исказот, потојано водејќи сметка за неговата сочност, за нужната драматичност. Тоа на овој текст му дава високи книжевни вредности.

(рецензија, 25.05.1995)

Мирче Томовски

Приказна за апсурдот

    На само 17-тина страници тече оваа приказна на апсурдот. Тече навидум едноставно, вообичаено, дури банално. За вообичаеноста да заврши во уметниковото крешчендо сосредоточено врз распеќата на човековата егзистенција, на фаталноста на однапред сè определеното, на ужасот на оутѓеноста, на самотијата, на себичноста. Со доведување на сите овие состојби на духот, авторот всушност до апсурд го отвора она што доаѓа по него – идниот живот никнат врз пеколот на претходниот. Навистина се само 17-тина страници. Но се читаат како 70-тина, како 700-тини. Долго, тешко, суморно. По нив, едноставно, останува неспокојот…

(„Пулс“, 14.11.1996)

Иван Ивановски

Над бездната на животот

    … Инаку, повеќе нешта ја прават дуодрамата „Двајца во Еден“ занимлива и привлечна за гледачот. Прво, што таа е пишувана доста вешто, со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+