Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 10-11 | година II | август-ноември, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 10-11август-ноември, 1999
Галерија Осврти

кон изложбата на Димитар Пандилов

(избрани осврти)


/4
стр. 1
повеќе автори

_______________________________________________________________________

Викторија Васева Димеска

    Колку што Димитар Пандилов според својата природа беше скромен, благороден и емотивен романтичар, толку неговото дело остави „агресивна“ трага во исликување на првите страници на македонското современо сликарство. На уметникот со такви карактеристики импресионизмот можеше да му ја даде смислата, дотолку повеќе што сликарски ѝ е близок на онаа уметност што Пандилов ја чувствуваше и низ која го бараше својот животен и творечки пат. Со своето дело Димитар Пандилов го надмина нивото на пленеризмот и импресионизмот на нашите простори, навлегувајќи во самата суштина на светлината, во нејзиното битие и во нејзината боја. Добивката на Пандилов е што за свои учители ги имаше П. Клисуров и Н. Маринов во кои најде поттик за, потоа, да може да ја измери вредноста на сопственото истражување на светлоста, топењето и прелевањето на бојата под нејзината „обвивка“. Од нив, како и од допирот со изворот на импресионизмот во Париз (1927/28), Пандилов извлече одредени поуки и искуства врз кои го создаде делото на својата уметничка зрелост.
    

    Ориентираноста кон импресионизмот, кон природната светлина ѝ  соодветствуваше на жолтозлатната боја на житните полиња на неговиот пејзаж. Оттука таа импресионираност со движењето и промената на снопот светлина значеше и премин од сликовитоста на атмосферата во сликовитост на материјата. Проблемот на формата произлезен од овој дијалог го предизивика пленеристичкиот потег – слоевитоста на трагата на бојата врз платното.
    

    Длабоката, органска врзаност за природата, Пандилов ја прикажа низ спонтан излив на поетиката на бојата и потегот, со чувство на искрено разбирање за нејзините импулси, со стивната но фанатична страст под импресијата на пределот.
    Димитар Пандилов – „чичето“, со љубов и носталгија го сликаше својот пејзаж и благородните луѓе од својот крај. Едноставно го примаше нескротливиот виор на судбината што не му беше многу наклонета и во бистрите очи и топлиот поглед под високото чело, ја криеше осаменоста на еден суптилен, чувствителен, вистински творец.
    

    Не треба да се заборави дека она што заедно со неколкуте свои колеги, основоположници на современата македонска ликовна уметност (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски…) го има создадено како сведок на „драматичните историски настани што водат кон, а потоа се и дел од борбата за национално ослободување на македонскиот народ, претставува историски потфат во процесот на создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност“. Ова, како и сите натамошни одбележувања на творештвото на Димитар Пандилов, ќе биде скромно во однос на големината на неговото дело, и во споредба со долгот што го имаме кон него како сликар на поетиката






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+