Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Проза

Бил ли Личеноски во Париз?

/4
стр. 1
Оливера Ќорвезироска

    Лазар Личеноски никогаш не бил на специјализација во Париз кај Марсел Леноар. Тоа се обични измислици. И сите оние подробности околу наводната изложба на Леноар на чие отворање се појавил и кардиналот Дибоа чијшто прстен го бакнал Личеноски кој, инаку, продавал билети на изложбата, се обична превртеница во нечие поболено сеќавање. За време на изложбата на Леноар што се одржувала од 1 до 31 март 1928 година во неговото ателје на петтиот кат на улицата Notre-Dame des Champs број 86, бездруго се појавил кардиналот Дибоа и неговиот прстен бил бакнуван, ама не од Лазар Личеноски кој во истото тоа време не што не продавал билети, туку се сакалдисувал на сосем десетто место правејќи скици за портретот на госпоѓата Милутиновиќ. Податокот дека на 20 ноември 1927 година, Личеноски тропнал на вратата на Марсел Леноар со замолница да биде примен во неговото ателје, бидејќи имал стипендија за фреско-сликарство, е целосно неоснован, зашто денес со сигурност знаеме оти Личеноски тој ден бил на многу попријатно место и во многу попривлечно друштво… И, што е од исклучителна важност, тој не можел да тропне на вратата на ексцентричниот сликар од проста причина што таа врата е во Париз, а Личеноски никогаш, воопшто, не бил во Париз. А ако не сте биле никогаш во Париз, тоа значи дека никогаш и не сте тропнале.
    

    Рака Драинац, дописник на белградска „Правда“ од Скопје, инаку љубовник на спомнатата госпоѓа Милутиновиќ, близок познајник на Личеноски и екстравагантно мрзлив поет, сакајќи да ги искористи непосредноста на Личеноски и кокетеријата на својата љубовница и самиот да се офајди од двете работи, на сликарот му порачал портрет на својата љубима, нормално со нејзини пари, притоа пазарејќи се со Личеноски околу процентот за себе.
    – Каков процент, битанго, зар не ти е срам? – го прашал сликарот насамо, додека госпоѓата Милутиновиќ чекала на скалите.
    – Да ми се најдат, брате, да ми се најдат триста динари, бргу! – одговорил Драинац и откако го добил побараното, итаница се упатил кон скалите сопињајќи се од својата намера за бакнеж како од детска залашка заборавена на килим.
    Оваа доверлива и уверлива епизода со Драинац сè уште не е никаков доказ за Лазаровото неприсуство во Париз, ама ако се земе предвид датумот напишан со раката на Личеноски токму на тој портрет – 15 март 1928 година, како и категоричното тврдење на ќерката на госпоѓата Милутиновиќ, пијанистката Изабела, дека мајка ѝ никогаш не отишла подалеку од Виена каде што таа студирала, тогаш станува






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+