Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Проза

Џенет капиџик

/3
стр. 1
Стево Симски

    Од Св. Врачи до Крстовден Никола Михаил испушташе душа и пред секое зајдисонце беседеше: „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде алчно, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“
    Тоа есенско попладне Никола неколкупати ја креваше главата од постелата. Загледан во дворот небаре очекува низ ѕиданата ограда некој да помине. Кога посиве и последната трага на црвенилото од сонцето тој стана од постелата и седна на столчето крај двокрилниот прозорец.
    – Време им е за јација! – изусти старецот.
    Се облече сам после три месеци лежење и отиде во кујната. Син му Бошко седеше крај телевизорот загледан во некој воен филм. Снаата шиеше нешто под сијалицата. Тешкиот мирис на зовриеното вариво му создате мачнотија во утробата, но детските пелени, обесени околу печката на дрва го исполнија со мир и спокојство.
    – Стана, а? – воздивна синот.
    – Решив да го отворам капиџикот.
    Снаата подзапре со дишењето и го сврти погледот кон свекорот. Синот нервозно извади цигара од кутијата, ја протри меѓу прстите, ја оближа и длабоко вовлече за да ја запали пред вратничето од ќумбето.
    – Кога? – праша синот.
    – Сега! – одговори старецот.
    – Сега реши или сега ќе го разѕидаш?
    – Ти ќе го разѕидаш!
    – Кој го ѕидал тој нека го …
    – Ти да молчиш! – ја прекина Бошко жена си.

* * *

    Утредента, пред изгрејсонце Никола и син му Бошко стоеа крај ѕидот одбележувајќи го местото со гребење каде што некогаш бил капиџикот кој стотина години ги поврзувал куќите на дедо Михаил и амџа Сабит. На едните низ капиџикот им било поблизу до џамијата, а на другите до градините во Чаир и до гробиштата.
    Кога синот се качи на скалата и ја одкорна првата тула со ѕидарскиот чекан старецот длабоко воздивна.
    – Знаеш – рече Никола – кога умре дедо ти Михаил низ капиџиков го носеа пијани луѓе. Се сопнаа и со се ковчегот летнаа во дворот на амџа Сабит. Оние што одеа напред беа раскрвавени, врз нив лежеше дедо ти. Се стрчавме да ги кренеме луѓето и да го вратиме покојникот во ковчегот, но тогаш дедо ти Михаил стана и со прекор се загледа околу себе. Пијаните кога го видоа тоа фатија пустина, гас преку глава, низ дворот на амџа Сабит. Дедо ти од тој ден проживеа уште десетина години, а капиџикот цела Гази Баба го


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+