Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Есеи

Азган ангел

Скулптурите на академик Томе Серафимовски


/7
стр. 1
Ферид Мухиќ

Скулптурата

     Пред сè, скулптурата е чин. Повеќе од што и да е друго, таа е чин на исправање!
    Во почетокот, светот опстојувал хоризонтално. Суштествата кои стоеле, не биле свесни за големината на сопствената способност. Ако кревањето на првите примати, на две нозе, е физички означен почеток на процесот на исправање, првиот скулптор е првото човечко суштество кое престанало да биде ментален четириножец.
    

    Како прва свесно издигната вертикала, скулптурата е револт против и победа над онаа египетска хоризонтала на смртта што, со иста зла коба, може да се повлече над или под животното салдо и на генијот и на никаквецот, и на лавот и на овцата. Скулпторското дело е исправен камен и прв свесен знак на решеноста на живиот, и по смртта, да остане да стои. Дабот умира стоејќи, но, исправен во својата скулптура, скулпторот стои и по смртта.
    Затоа склуптурата не е – отпор! Отпорот е пасивна резистенција. Себечување. Скулптурата е – револт! Таа е револуција во својот прв и затоа најчист, дестилиран импулс. Она што е појавата на првата протозоа за занемениот свет на анорганското – волшебно радикален чин на оживотворување и интродукција на елементот Време внатре, во бездната наречена Вечност – тоа е првата скулптура во живиот универзум – Novus ordo
    saeclorum!
    

    Скулптурата е излез од вегетативното. Таа не спори со пасивноста. Спротивно на растителниот свет, скулптурата не ја претвора карпата во плодна земја; не го расточува каменот. Билките не се скулптори. Тие се антиподи на скулптурата, како што скулптурата претставува негација на вегетативното. Скулптурата е радикално негирање на адаптацијата, како помиреност. Скулптурата е ерупција. Вулканите се првите скулптори.
    Билките себеси се хранат со каменот – скулпторот го храни каменот со себеси! Билките му ја одземаат душата на каменот, скулпторот му ја дава својата душа на каменот. Билките го уништуваат вечниот мир на каменот. Тие му ја одземаат на каменот дури и онаа пасивна вечност низ која тој опстојува, фрлен пред капијата од овој свет; како негов онемен и одвишен придружник. Скулптурата му ја дава на каменот активната вечност со која тој влегува низ портата од овој свет, а скулпторот му ја чува неговата транстемпорална супстанција и ја надарува со Говор. Тој го донесува Големиот едикт со кој каменот се ослободува од осудата на вонвременска немост.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+