Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Критика

Празниот модел и тажната кралица

Љубовта и мислата за книжевноста во дваесеттиот век


/11
стр. 1
Александар Јерков

    За да се зачне книжевноста, онаква каква што ја познаваме во нашиот цивилизациски круг, но и книжевноста воопшто, мора да се исполнат многу предуслови. Кога за тоа размислуваат, историчарите и теоретичарите на книжевноста, филозофите и естетичарите се склони кон тоа да им придадат големо значење на своите проучувања. Меѓутоа, во светот во кој живееме денес, резултатите од нивното размислување би имале многу помало значење ако со векови не траеше илузијата за неопходноста од таквиот вид мислење. Затоа толкувачите на книжевноста се грижливи чувари на оваа традиција, но крајот на дваесеттиот век ги доведе во мошне тешка позиција. Тие денес личат на некои нови схоластичари: знаењата никогаш не биле толку усовршени, а општествената потреба за нив – никогаш толку мала, ако сè уште постои. На прв поглед, се чини дека сме сè поблиску до вистината на сопствената умешност, уште малку па би можеле да одредиме од кој „пол“ се ангелите на книжевноста – сета среќа што се прекрасни женски души – и колку нежни ангелски тела можат да се довикаат и да се сместат во „врвот“ на еден стих, веќе сме подготвени да утврдиме и детално да опишеме какви се наративните „силогизми“ во кои се гледа мислата на раскажувачот и како се докажува функционирањето на книжевната структура, сè уште одлично расправаме за тоа како се одлучува читателот меѓу два еднакво примамливи „слоја“ на значење, и така натака… Сето тоа се познати, за оваа пригода само малку приспособени мотиви на дамнешната схоластика, па сепак толку убедливо звучат како циничен опис на сознанијата насобрани со толкувањето на книжевноста. Онака како што се гаснеше важноста на схоластиката како стил на мислење така денес изумира еден стил на критичкото мислење за книжевноста. Се гаси едно поколение толкувачи, кое себе и своите задачи ги сметаше за мошне достоинствени, дури и поради тоа што го трасираше патот на сопствениот крај, и се гаси еден вид мислење бидејќи истекува рокот на неговата општествена неопходност.
    Па сепак, со разни сознанија е исполнет овој тежок и непријатен век во кој човековата самодоверба се најде пред многу страшни предизвици отколку што тоа некогаш биле дивите орди од Исток, на кои создателот небаре со еден груб потег на сунѓерот им ги бришеше цивилизациите или ги прекројуваше нивните контури исцртани на мапата на светот. Кога станува збор за книжевноста, поминат е огромен пат за да се разбере како од ритуално и митско значење зборот стигна до уметнички израз и како уметничкиот израз од привилегиран






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+