Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Галерија Осврти

Песната на создавањето и пресоздавањето…

За скулптурата на Томе Серафимовски


/8
стр. 1
Анте Поповски

    Залуден е обидот да се проникне во нередот на ателјето на скулпторот, како што е залудно да се појаснува и хаосот пред создавањето на светот. Но, од каде тоа чувство кај човека, влегувајќи во тоа и такво ателје, да поверува дека влегува во тајните на создавањето? Не е ли тоа некој дамнешен довик на нашата потсвест која не сака да се помири со нас вакви какви што сме? Средбата со скулпторот во неговото ателје прераснува во големо искушение на човековиот страв од средбата со себеси; од илузијата дека присуствува на чин на сопствено пресоздавање!

Уметност која вечно
    отима од хаосот …

    Хаосот во ова ателје, конечно – како и во сите други, е скратен препис на хаосот и нередот на исконите. Таму, во дамнините, и господ бог светот го создал од ништо: ex nihilo! Па сепак: како тоа од ништо, кога нешто веќе постоело: постоеле хаосот и безобличноста; постоеле нередоти мракот? Како тоа: ex nihilo? Нели хаосот и безбличноста, нередот и мракот, биле божјо исходиште?
    Глината во ова ателје е таа магма во која се заробени сите можни, но сè уште невидливи и непостоечки облици. Допрва, од овој неред, ќе се покаже на светлина и некој реален облик. Не сакајќи, влегуваме во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+