Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 13 | година III | февруари-март, 2000



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 13февруари-март, 2000
Звук Осврти

Меѓународната афирмација на младите таленти

/3
стр. 1
Маја Чанаќевиќ

    Во овој труд ќе се обидеме да дадеме еден краток приказ а можеби и модел и да ја протолкуваме оваа тема од еден друг аспект т.е. да објасниме како еден менаџер или организација би работеле на афирмирање или претставување на младите таленти на пазарот.
    Афирмацијата односно соодветното промовирање на младите таленти е од особено значење не само за оние кои што како производ се нудат на пазарот, но и за целокупната култура во земјата. Таквата промоција може да се одвива на неколку нивоа и тоа во рамките на една локална заедница, на национално ниво и се разбира она што е предмет на обработување во овој труд, на меѓународно ниво. Во зависност од нивото на нашето делување, ќе се одредуват и стратегиите односно начините на маркетиншко претставување.
    За точно одредување на маркетиншката стратегија, потребно е прво да се дефинираат сите компоненти со кои располагаме, значи да се пријде кон предметот од неколку различни аспекти. Да се одреди она што значи позитивни и негативни фактори, односно предностите, јаките страни, слабостите и проблемите и се разбира потенцијалот и новите можности. Значи, имајќи ги предвид факторите кои ќе влијаат, првенствено средината во која се наоѓаме и средината на која го нудиме производот, особено демографско-економското и социокултурното окружување, конкурентните збиднувања односно производи, она што значи извор од каде ги добиваме производите, публиката, доаѓаме до четирите основни елементи во маркетингот, а тоа се производот, неговата цена, местото каде тој ќе се пласира, и начинот на кој ќе го промовираме.
    Секако на почетокот би требало да се одреди самиот производ, односно она што го нудиме на пазарот. Точното одредување на пазарот пак од друга страна, е од големо значење бидејќи тоа е една од компонентите кои директно го засегаат менаџерот или агенцијата. Постојат повеќе типови на пазари како монополистички, монопсонистички, високо компетитивни и тн. Во овој случај, бидејќи зборуваме за афирмација на младите уметници во меѓународни рамки, тогаш би можело да се каже дека се судираме со високо компетитивен пазар, каде што се присутни не само голем број на високо квалитетни уметници, туку тие се претставници и на различни музички жанри. Покрај тоа, музиката спаѓа во категоријата на културни збиднувања, заедно со театарот, киното, ликовната уметност, компоненти што мораме да ги имаме предвид при стратешкото планирање. Сите овие збиднувања се потенцијални конкуренти, таканаречени субститути.
    По одредувањето на пазарот на кој ќе го пласираме производот, и одредувањето на сите други сили, позитивни и негативни, кои ќе влијаат на спроведувањето на стратегијата, преминуваме






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+